Холандската атлетичарка Мадија Гафур во јуни годинава беше уапсена во Германија откако ѝ пронашле 52 килограми дрога. Судот ја прогласил за виновна и ја осудил на 8 ипол години затвор.
Се потрошија неколку милијарди, се отселија 77.206 лица од Рио, загинаа 11 градежни работници се со цел да го одржат најмасовниот спортски спектакл во светот со над 11.000 спортисти од 205 земји. А сметката за струја сега кој ќе ја плати на Маракана? Изнесува 939.937 долари. Да е само во тоа проблемот. Рио 2016 и 2017 нема везе едно со друго. И Грците тоа го знаат.
Успесите од базенот ќе се обиде да ги преслика на паркетот во салите, а викендов го имаше и професионалното деби во спортот кој како мал најмногу го сакал.
Фејиса Лилеса, сребрениот маратонец од Олимписките игри во Рио кој ја мина целта со знакот Х со рацете за да укаже на прогоноството со кое се соочува неговиот народ Оромо, вели дека проблемите се далеку од решени иако целиот свет сега знае што се случува во Етиопија.
Човекот кој после две сериозни повреди се врати на терените, одигра маестрални Олимписки Игри каде стана вицешампион, не можеше да ги сопре емоциите на УС Опен и се расплака на мечот против Станислас Вавринка
Претседателот на Русија на приемот на руските олимпијци од Рио изјави дека одлуката за забрана за учество на руските паралимпијци во Рио е неморална и цинична. Целата руска паралимписка селекција на 7. август беше суспендирана од Меѓународниот паралимписки комитет поради свесна поврзаност на државата во допинг програмот.
Најпознатата американска фудбалерка и долгогодишен капитен на оваа селекција, голманката Хоуп Соло е суспендирана на шест месеци поради навреда на противничките на Олимписките Игри во Рио.
Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.
Иронијата на привилегираните атлети со нивните нутриционисти, физиотерапевти и спортски психолози оди до таму што тие покажуваат со прст кон оние кои се непобедливи и измислуваат приказни за нив.
И покрај гаранциите од етиопските власти дека на бунтовниот сребрен медал од Рио „нема да му фали ниту влакно од глава“ кога ќе си дојде дома, маратонецот Фејиса Лилеса уште не се вратил во Етиопија.
Уште од првите Игри во историјата, старите Грци имале повеќе натпреварувања во кои учествувале човекот и коњот. Такви натпреварувања има и сега, а на едно од нив, во Рио де Жанеиро е виден момент на голема љубов.
Селекторот на САД, Мајк Кшишевски неколку пати повтори дека најдобар плејмејкер во Европа е кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ кој беше најзаслужен што неговата репрезентација го освои сребрениот медал на ОИ во Рио.
Ај што американските медиуми го тролаат за неговото ниско IQ, туку сега и спонзорите (Спидо и Ралф Лорен) решија да ги раскинат богатите спонзорски договори со него, откако се откри дека Лохти лажел за вооружениот грабеж на бензиска пумпа во Бразил каде со колегите пливачи скршиле неколку писоари и вратата од тоалетот.
Една Олимпијада - два света: огномет на Маракана и сиромашни фавели. Во Рио успешно завршија Олимписките Игри а прогласени се и најдобрите фотографии од натпреварувањата во различни спортови.
Американскиот армиски резервист Сем Кендрикс, кој во Рио се натпреваруваше во скок со стап во височина, при еден залет нагло застана за да ја испочитува химната.
Кога Фејиса Лилеса ја мина целта од машкиот маратон во Рио, ги крена рацете над главата и направи знак Х. Никој од тие кои го гледаа спектакулраниот финиш на Лилеса кој освои сребрен медал не знаеше колку опасен протест гледаат.
Двајца боречки селектори Церенбатар Цогтбајар и Бјамбаренчин Бајара од Монголија се соблекоа на сред борилиште поради тоа што нивниот борач Ганзоригин Мандакхнаран го загуби бронзениот медал по судиската одлука да му дадат поен на Узбекистанецот Иктиор Наврузов поради тоа што Монголецот го избегнуваше и провоцираше. Монголецот водеше 7:6, но со казнениот поен противникот израмни и победи поради тоа што го освоил последниот поен.
Американската кошаркарска репрезентација стигна до неверојатното 15-то кошаркарско злато, а трето последователно откако вечерва со 30 поени разлика ја победи сребрената Србија 96:66 (19:15, 33:14, 27:14, 17:23).
За првпат во историјата, петкратниот светски шампион Бразил стана и олимписки првак. Финалниот меч против Германија се реши на пенали, а решавачкиот гол го даде Нејмар за тотална еуфорија во Бразил.
Олимписките Игри се идеална шанса да ги видиме убавините на синхронизираното пливање, еден од спортовите кои неретко се во сенка на фудбалот, кошарката, одбојката или ракометот.
Пред пар месеци, бескомпромисниот критичар Борис Дежуловиќ напиша колумна во која подвлече паралела меѓу ЕП 1995 во Атина кога хрватските кошаркари го напуштија подиумот и ОИ во Рио 2016. Колумната е поактуелна деновиве отколку тогаш.