Хоуп Соло веќе неколку години успешно брани за репрезентацијата на САД, но по елиминацијата на нејзината селекција во четвртфиналето на ОИ од Шведска после пеналите 4:3, Соло ги нарече Швеѓанките кукавици.
Американките добро ја започнаа одбраната на титулата, во групната фаза победија против Нов Зеланд (2:0) и Франција (1:0), но во четвртфиналето испаднаа од Шведска.
Веднаш после дуелот, Соло изјави: „Покажавме како се игра фудбал. Имавме негатива од еден гол, по што успеавме да се вратиме. Игравме против група кукавици и слободно можам да кажам дека подобриот тим загуби“.
Соло има 35 години, а ова и е втора суспензија од Фудбалската федерација на САД. Минатата година ја суспендираа на 30 дена поради инцидент во тренинг кампот, а во јануари годинава ја обвинија дека ја нападнала сестра и и нејзиниот 17-годишен внук во својот дом во Сиетл.
„Коментарите на Хоуп Соло по натпреварот со Шведска се неприфатливи и се противат на стандардите кои нашиот национален тим го бара од репрезентативките. Повеќе од натпреварите и резултатите, Олимписките Игри претставуваат идеали на фер-плеј и почитување. Очекуваме сите репрезентативки да ги почитуваат тие принципи, без исклучок“, изјави Суил Гулати, претседателот на Фудбалскиот сојуз на САД.
Не помина многу а Соло брзо реплицираше.
„За овие 17 години во репрезентацијата го посветив својот живот на селекцијата и професијата професионален спортист ја работев најдобро што знам, страствено, истрајно и посветено со цел да станам најдобар голман на светот, не само поради мојата земја, туку и поради кревањето на нивото на овој спорт за генерациите кои доаѓаат. Никогаш не се поколебав во својата посветеност“, изјави Соло која што има злато од Олимписките Игри 2008 и 2012. Таа додаде и дека е разочарана од одлуката на сојузот.
Пред почетокот на Олимписките Игри, Соло ги иритирала навивачите во Бразил со фотографијата постирана на социјалните мрежи на која се гледа таа со спреј против комарци и заштитна мрежа на главата со што алудираше на вирусот Зика.
Поради тоа, секој нејзин шут на топката беше испратен од гледалиштето со повикот Зика!