Етиопскиот маратонец протестира против владата на неговата земја која убивала многу припадници на Оромо заедницата, најголема етничка група во Етиопија која што долги години се жали што е маргинализирана од власта.
Групата која што одржала протести и се бунела поради плановите за преместување на местата на живеење на Оромо, брзо била задушена. Многу од луѓето кои протестирале се убиени, а според Хјуман Рајтс Воч повеќе од 400 луѓе се убиени од ноември досега.
Со месеци Оромо го користи истиот знак Х кој Лилеса (26), го направи во финишот. На прес конференцијата веднаш по трката тој уште еднаш дрско и се обрати на владата на Етиопија.
„Етиопската влада го убива мојот народ, така што протестирам секаде против тоа затоа што Оромо е моето племе. Моите роднини се во затвор и ако случајно зборуваат за демократски права ќе бидат убиени“, изјави Лилеса.
Brovo Feyisa Lilesa others athletes not 2 loose opportunity 2 oppose brutal killing ur loved ones #OromoProtests pic.twitter.com/VHIFDQiO39
— Bashe (@sharmbash) August 21, 2016
Настаните се менувале од час во час, па за само кратко време од национален херој, Лилеса станал човек кој нема да може да се врати во својата земја. Многу припадници на Оромо се во затвор. Во Етиопија, државната телевизија не прикажала реприза на финишот во кој Лилеса стигна до огромен успех. Тој бил свесен за опасноста што го чека и најавил дека можеби ќе се пресели на друго место.
„Ако се вратам во Етиопија можеби ќе ме убијат. Ако не ме убијат, ќе ме стават во затвор. Не сум одлучил уште, но можеби ќе се преселам во друга земја“, изјави тој во Рио.
Не е првпат Етиопски спортист да размислува за преселба по натпреварувањата. Во 2014. година, четворица маратонци побарале азил во САД, откако избегале од Меѓународниот шампионат во Еуџен.
Несреќните припадници на Оромо и оружаните напади на Етиопската влада веќе предизвикале реакции во Обединетите Нации, но ништо не го зголеми вниманието врз конфликтот како отворената непослушност на Лилеса.
Дисидентите од Оромо, претежно оние кои живеат надвор од земјата се активни на социјалните мрежи по повод овој случај. Како што Лилеса ја мина целта, тие постираа твитови и постови на Фејсбук со сликите од нивниот херој. Етиопија е една од африканските земји со најбрз развој и многу тамошни држави ја гледаат како модел на економски потенцијал.
Владата во Етиопија ги задушила сите протести кои „биле организирани од надворешни непријатели блиски до локалните милитанти. Лилеса трча на меѓународните натпреварувања за Етиопија повеќе од осум години и држи едно од најбрзите маратонски времиња: 2:04:52.