Дончиќ дошол со ѕвер вреден 5 милиони долари, па направил шоу

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја продолжија одличната победничка серија, стигнаа до 15-ти триумф од почеток на новата сезона. Синоќа со 133:121 го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс. Лука Дончиќ претходно пред натпреварот со Далас Маверикс претходната вечер го покажал своето луксузно Бугати вредно пет милиони долари. На натпреварот со Пеликанс постигнал 35 поени, 5 скока и 11 асистенции.

Дончиќ во само неколку часа блескаше во НБА и покажа зошто важи за еден од најдобрите кошаркари на светот. 

Прво против својот некогашен клуб Далас Маверикс постигна 35 поени со 11 асистенции, а само неколку часа подоцна Дончиќ уфрли 34 поени (20 во прва четвртина) со 12 скока и седум асистенции. Лејкерс после овој 15-ти триумф е втор на табела на Западната конференција.

Остин Ривс повторно го следеше ритамот на Дончиќ па после врвната партија против Далас Маверикс и синоќа имаше исто добра ролја како неговиот соиграч. Ривс постигна 33 поени со 5 скока и 8 асистенции. ДеАндре Ејтон додаде 22 поени.

Лејкерс играа без Леброн Џејмс кој го преседе натпреварот на клупа поради повреда на левото стопало.

Кај Пеликанс кој со ужасен учинок 3-18 се последни на табела на Западот, најефикасен беше Садик Беј со 22 поени и 11 скока.

Нов намерен фаул над Дончиќ, му се внесе лице в лице

1 декември 2025 - 12:01