Дали е ова најлошата НБА партија некогаш видена?

Американците, особено оние кои работат во НБА лигата се опседнати со сулуди статистички параметри, па често читаме како Лука Дончиќ е прв после 1966-та кој дал 30+ поени а да играл со шарени врвци на двете патики и слични тривии. Но овојпат еве еден интересен статистички податок. 

На натпреварот Јута Џез Хјустон кој Рокитс го добија 129:101, 22-годишниот бек Кијонте Џорџ на паркет поминал 19 минути и за тоа време ај што не дал ниту еден поен, туку ги промашил сите шест шута а имал и дури осум изгубени топки.

Единствен играч во НБА кој изгубил повеќе топки на еден натпревар а притоа да не дал ниеден кош бил Џон Лукас во далечната 1981-ва како кошаркар на Голден Стејт Вориорс. Лукас тогаш изгубил дури 9 топки ама само еднаш шутанл на кош и притоа запишал дури 15 асистенции. Џорџ синоќа имал две асистенции.

1 декември 2025 - 14:36