Познатата холандска атлетичарка била уапсена на 18 јуни на граничниот премин Елтен во Германија. Во нејзиниот автомобил биле пронајдени 50 килограми екстази и 2 килограми кристален метамфетамин, како и 11.900 евра во кеш. Вредноста на наркотиците била проценета на 2 милиони евра.
Мадија (27) сакала да ги шверца наркотиците од Германија во Холандија, но полицијата ја осуетила и брзо ја притвориле.
На суд таа не кажала кој ѝ ги дал ниту од каде ѝ се наркотиците, затоа што се плашела за животот на своите најблиски. Таа рекла дека се смета себеси за невина.
Мадија Гафур настапуваше на Олимписките Игри 2016 во Рио де Жанеиро каде трчаше штафета 4х400, а требала да настапува и на Светското првенство во Катар на трката на 400 метри.
Гафур е и актуелна шампионка на Холандија на 400 метри со пречки.
Нејзините колешки како и луѓето од Холандската атлетска федерација во прв момент сметале дека Гафур шверцувала допинг за трките, но германската полиција ги шокирала со извештајот за 52 кила дрога во нејзиниот автомобил.
Сега треба да одлежи затворска казна од 8 ипол години.
Dutch Olympic athlete Madiea Ghafoor has been jailed.
— SportsGridUK (@Sportsgriduk) November 5, 2019
That's after she was found guilty of drug smuggling and trafficking 50kg of ecstasy tablets and 2kg of crystal meth.
Full story: https://t.co/DYcjKLZAEB pic.twitter.com/ozygWuB5c3