Баскет репрезентацијата на Холандија стана олимписки првак на највозбудливиот можен начин, со два поени, преку човек и тоа во самиот финиш од средбата против Франција. Јунакот се вика Ворт де Јонг, кој ако не поентираше од тешката ситуација еден на еден, Холанѓаните ќе мораа да се задоволат со сребро. Бронзениот медал го освои Литванија.