Генерал-полковник Мартин Вијнен, во интервју пред своето пензионирање, изјавува дека Холандија треба да го следи примерот на држави како Шведска, Финска и Балтикот, кои моментално се многу подобро подготвени за избувнување војна отколку Холанѓаните.
„Холандија треба да разбере дека целото општеството треба да биде подготвено за кога работите ќе тргнат на лошо.
Холандија не треба да мисли дека нашата безбедност е гарантирана затоа што сме оддалечени 1.500 километри,“ порачал Вијнен.
Негова процена е дека Русија станува се посилна, а на силна војска и треба нешто што ќе ја одбие “постои само еден јазик што Русија го разбира, а тоа е јазикот на силна војска.“
Холандија неодамна воведе доброволна 1-годишна служба во која Вијнен доста верува. Во првата година за оваа служба се пријавија околу 600 лица, но очекувањата на генералот се бројката да се искачи до 2-3 илјади годишно.