Веста ја објавува тамошен РТЛ и според нив владата, по основа дека информациите се „чувствителни“, не споделува ни кои се имињата на компаниите, ни колкав обем на бизнис тераат со Русија, ни од кој сектор се.
Дозвола за избегнување на санкциите против Русија даваат министерствата за надворешни работи, економија, финансии, инфраструктура и образование.
Пример министерството за инфраструктура има дадено и 34 дозволи на бродови кои пловат под руско знаме да ги користат холандските пристаништа, што е забрането со санкциите на ЕУ. Нивното оправдание е дека бродовите биле товарени со важна стока како алуминиум и храна.
25 од дозволите се дадени од министерството за економија и тоа за холандски компании да можат да соработуваат со Газпром или негови подружници.
На Русија и било дозволено да прави и трансфер на пари во „дипломатски“ цели.
Дозволите што биле дадени важат за секој од осумте пакети санкции што ЕУ ги воведе против Русија.