Најнапред во терање на зелената агенда во Европа е Холандија која без разлика на масовните протести и блокирање на земјата го донесе драконскиот закон кој предвидува систематско затворање на земјоделските фарми низ земјата како би се исполниле таргетите за загадување.
За да ја оствари својата агенда холандската влада ќе откупи илјадници фарми кои се наоѓаат во близина на природни резервати, без опција да биде одбиена, и истите ќе бидат затворени. Владата, поддржана од ЕУ, ќе им исплаќа пари и на сите земјоделци кои доброволно ќе ги затворат своите фарми.
На она што до тогаш било земјоделско земјиште холандската влада планира да почне да гради резиденцијални објекти и да произведува зелена енергија.
Проблемот со ваквиот план е што тој директно уништува извори на храна кои според европратеници ќе бидат заменети со воведување на храна од инсекти.
Холандски европратеник пак потсетува дека заради притисоци од државата и зелената агенда, која кога беше перфектно спроведена во Шри Ланка доведе до крах и глад, секоја година во Холандија се самоубиваат 20 до 30 земјоделци.