Запознајте го Хари Гаудсблом, во Холандија познат како “Tieteman”, на англиски “boobs man”, што значи на нашки “човек со гради“.
Гаудсблом да ти бил еден од 50-те навивачи на Холандија, спонзорирани од Катар да пишуваат позитивни работи на социјалните мрежи за Мундијалот.
На првиот натпревар на Холандија против Еквадор, “Tieteman” се појавил со лажни гради и лента „One Love“, но се судрил со катарската полиција која побарала да ги извади и градите и лентата.
„На почетокот немав проблеми, ниту со полицајци, ниту со обезбедување. Сите дури сакаа да прават селфи со мене. Сè помина добро“.
Но за време на мечот, забележал како редар разговара со полицаец и покажува кон него.
„Тој полициски службеник направи гест „пушти го“. Сепак подоцна видов двајца како одат кај друг навивач кој носеа лента „One Love“. Тогаш можев да ја сокријам мојата лента“.
По натпреварот, Гаудсблом продолжил да се забавува пред стадион.
„Потоа одеднаш дојде еден полицаец и побара да ги симнам капитенските ленти на „One Love“ и да ги предадам. Морав да го напуштам теренот на стадионот, придружуван од 20 полицајци. И на пат морав да ги соблечам и градите“.
Гаудсблом за целата случка го информирал холандскиот фудбалски сојуз.