Најубавата приказна од ОИ во Рио

Дамата од Холандија, нејзиниот коњ и тешката одлука

Уште од првите Игри во историјата, старите Грци имале повеќе натпреварувања во кои учествувале човекот и коњот. Такви натпреварувања има и сега, а на едно од нив, во Рио де Жанеиро е виден момент на голема љубов. 

Паризвал се вика коњот којшто неодамна наполнил 19 години. Обично животниот век на овие убави животни е околу четврт век.
 
Со Паризвал веќе 12 години, уште од 2004. гоина вежба Холанѓанката Аделинда Корнелисен, и не само што вежба со него, туку овој тандем, во дисциплината дресура досега освоил четири европски титули, една светска, а на минатите ОИ во Лондон стигнаа до сребро во поединечна конкуренција и во бронза во тимска.
 
За жал, во Рио де Жанеиро походот кон злато имаше една сериозна препрека.
 
Минатиот вторник, Холанѓанката Аделинда дошла до уредената штала и видела како Паризвал има отоци на главата. Забележала дека одвреме-навреме со него удира во ѕидот, нешто што никогаш не го правел. Набрзо му измериле температура која што била многу над вообичаената и брзо викнале ветеринари.

Бразилските ветеринари утврдиле дека Паризвал го каснал некој сериозен инсект (се претпоставувало на пајак), така што целото тело, а посебно главата му била полна со отрови. Аделинда не чекала ни момент и веднаш го дала својот миленик на чистење на крвта: Му давале големи количини течност за да ги исфрли токсините од телото, но температурата и натаму била висока.

Следниот ден, во средата, како тимските ветеринари така и оние локалните кои биле задолжени за сите коњски дисциплини на Игрите радосно објавиле дека коњот се чуствува подобро. Отокот опаѓал, температурата почнала да опаѓа и ја советувале Холанѓанката да трча со Паризвал во походот на златото.
 

Аделинда Корнелисен која цели 4 години се спремала за Олимпијадата, на крајот решила да излезе со Паризвал на борилиштето, а тие моменти неколку дена подоцна ги опиша во својот дневник:
 
„Како нè советуваа, така направивме. Отидовме во арената, минавме два круга, Паризвал делуваше среќно и подготвено. Се вративме во шталата, температурата паѓаше. Повторно тешки прашања, што да се прави? Сите знаеме што беше претходниот ден. А сепак, никој нема да го заземе моето место ако се повлечам, ќе го изневерам тимот. Прашања, прашања, прашања... Што да правам? Што е најпаметно? Зборував со неколку ветеринари, со тренерот на тимот. Сите доктори ни дадоа зелено светло. Ајде добро, ќе пропам. Треската му спадна, токсините се исфрлени. Уште е малку отечен, но и тоа ќе помине. Одиме.
 
И така, излеговме на загревање, почнав со лесен ритам, за да се привикне. Иако на прв поглед делуваше дека е океј, видов дека Паризвал нема доволно силна. Решив повеќе само да оди, за да ја сочува енергијата. И кога конечно излеговме на турнирот да почнеме со нашиот настап, почуствував колку многу даваше од себе. Прав борец е, никогаш не се откажува. Со цел да го сочувам неговото здравје, во истиот момент решив да се откажам од Игрите.
Мојот другар, мојот најдобар пријател, коњот кој ми даде сè од себе целиот свој живот не го заслужува ова.
 
Само го поздравив жирито и гледачите и заминав од арената“.