Во раниот 20-ти век во САД биле организирани божикни и новогодишни забави на кои главни ликови биле - коњи. Целта била да се поттикне свесноста за лошите услови на живот на овие сироти суштества, и да им се овозможи барем краток одмор.
Во текот Големата депресија во САД, кога целата нација била во длабока криза, библиотекарите ги полнеле бисаѓите со книги и на коњ ги посетувале изолираните предели на Кентаки - една од најпогодените држави од парализираната национална економија.
Уште од првите Игри во историјата, старите Грци имале повеќе натпреварувања во кои учествувале човекот и коњот. Такви натпреварувања има и сега, а на едно од нив, во Рио де Жанеиро е виден момент на голема љубов.
Научници седнале, прегледале еден тон видео материјал и после темелни анализи составиле научен каталог на фацијални изрази - кај коњите. А ние лек за рак чекаме од нив.