Во Саудиска Арабија жените ќе ги пуштаат на фудбал - првпат во историјата

Некогаш ако жена се осудеше да стапне на стадион, ја апсеа и затвораа. Сега работите се смените, па ќе можат и со кола да одат да гледаат фудбал.

Што се случило?

Фудбалот во Саудиска Арабија никогаш веќе нема да биде како порано: од неделава на стадион пуштаат и жени.

Првиот меч пред женски аудиториум ќе се игра на 12 јануари, ќе играат Ал-Ахли Џида и Ал-Батин. До тој момент жените во Саудиска Арабија можеле да гледаат фудбал само на телевизија - режимот не им дава ниту да патувааат на Светско првенство, да ја бодрат сопствената репрезентација.

Во последно време во Саудиска Арабија положбата на жените е се подобра. Кралот Салман ибн Абдул Азис Ал Сауд, крунисан на почетокот на 2015-та укинал некои ограничувања на правата на жените: например веќе во 2018-та жените можат сами да возат кола, да одат на стадион, сами да одат во ресторани, кина и театри, а ученичките на државните училишта ќе можат да се занимаваат со спорт.

Во три градови во Саудиска Арабија - Ријад, Ед Дамам и Џида дури ги преуредувале стадионите со цел да направат посебни сектори за женските посетители. За жените е изработена и посебна програма на карти, па ќе ги пуштаат на трибини преку електронска врата.

Инаку тренер на тимот Ал-Ахли Џида од јуни 2017-та е легендата на Динамо Киев и добар пријател на Шевченко, Сергеј Ребров.

ПРВПАТ ЛИ ПУШТААТ ЖЕНИ НА СТАДИОН?

Формално не. Во септември 2017-та жените ги пуштиле на Меѓународниот стадион „Крал Фахд“ во Ријад, каде се празнувала 87-годишнина од основање на земјата. За волја на вистината, тогаш немало спортски натпревар, туку оперета.

Во декември 2014. една девојка се облекла и маскирала како машко и тргнала да го гледа мечот Ал Итихад - Ал Шабаб. Многу било лесно да се забележи, зошто таа седела во гостинската трибина каде имало помалку луѓе. Брзо ја откриле и ја привеле. Ал Шабаб за кој живот ризикувала девојката, победил со 1:0.

Што уште не смеат да прават жените во Саудиска Арабија?

Списокот е голем. Главниот проблем им се постоечките традиции - жените во Саудиска Арабија се многу зависни од своите роднини мажи или сопрузи, кои се водат како нивни старатели. Без нив жената не смее да се разведе, да патува, да оди на работа, да се оперира, да викне Брза помош, па дури не смее ниту пасош да добие без дозвола на мажот/родителот/братот. После евентуален развод, додека не наполни 7 години, детето останува со таткото.

Има уште еден проблем - жените и мажите не смеат да се најдат во иста просторија. Новиот закон во таа смисла го решава овој проблем и ја разрешува забраната за посета на стадион. Жените во Саудиска Арабија никаде не смеат да се најдат во простор со непознати мажи. Исклучок се - болниците, банките и медицинските установи, а дури и во продавниците мора да има ѕид кој ги раздвојува да не се мешаат со мажите.

Девојките не смеат да одат во ресторан без машки член од семејството, а на стадионите ќе има посебен сектор за нив. Мислењето на жените во Саудиска Арабија често не е израмнето со она на машкиот пол. Поради тоа за нив е многу тешко да докажат на суд дека се во право - зошто правниот статус на жената е еднаков на статусот на малолетник. Во наследство жените може да добијат (да им се остави) само половина од тоа што им е оставено на браќата.

Жените не смеат да се појават на улица, во јавност без црна абаја - долг арапски фустан со ракави. Се верува кај нив дека тоа ја симболизира женската скромност.

А како е во спортот? Учествуваат ли на Олимпијади?

До 2012-та година на Олимписките Игри немало никогаш ниту една Саудијка - женскиот спорт во земјата си функционирал, но учество на Олимпијада се косело со исламските принципи. Најтешко им паѓало тоа што кога се натпреваруваат во својата земја мора во целост да го прекријат своето тело. Освен тоа, забрането им е да патуваат на турнири во други места без одобрение на старател.

Иако Саудиска Арабија не била член на МОК (Меѓународниот Олимписки Комитет), на Игрите во Лондон имала две натпреварувачки - џудистката Воџан Шахрани (изгубила уште во првата борба, 1/32 финале) и атлетичарката Сара Атар (се квалификувала за финалната трка на 800 метри). Трибините ги поздравиле и стоечки им аплаудирале и ги бодреле, а во нивната земја за Олимпијадата практично ништо не се пишувало. На тамошните блогови и социјални мрежи девојките ги напаѓале мошне агресивно и негативно.

Но тоа не и сметало на Сара Атар да оди во Рио 2016-та, каде учествувала во маратонската трка и завршила 132-ра. Другата атлетичарка, Кариман Абдулџадаел (на фото горе) завшрила седма во трката на 100 метри и притоа поставила нов рекорд на Саудиска Арабија.

Претставничката во мечување, Лубна Ал Омаир изгубила во првиот бој во Рио 2016-та, а уште една спортистка Џуд Фахми се откажала од учество на Олимпискиот турнир во џудо под неразјаснети околности.

Олимпискиот Комитет на Саудиска Арабија соопштил дека таа се повредила, а новинарите пишувале дека одлуката е донесена поради тоа што во евентуалната следна рунда таа би се сретнала со израелската шампионка Гили Коен (односите меѓу двете земји се крајно затегнати и тензични).

СЕГА СÈ ЛИ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД НА СТАДИОНИТЕ?

Може да се каже дека ред нема да има баш секогаш. Причина не се само гледачите, туку и самите спортисти. Неодамна еден резервен фудбалер на тимот Ал Ноџума (прва лига) направил потег деб што е познат гест со рацете смислен од италијанскиот пејач Фабио Роваци (на прослава на головите го изведува Пол Погба).

Дебот бил уловен од камерите, мечот бил пренесуван во живо, така што кога неговата екипа дала гол во Купот на Кралот а тој направил забранет потег, ризикува уште долго да седи на клупата.

Овој гест се смета за незаконски, а властите се убедени дека е поврзан со распространување на наркотици.

Саудиска Арабија ќе игра на Светското 2018 во Русија во група со домаќинот, со Уругвај и со Египет.