Со лажна филантропија и манипулирање на науката се водела кампања за концентрација на моќта во невладини организации, фондации и шеми за корпоративно управување, тврди Никол Шанахан, која како сопруга на Сергеј Брин своевремено имала пристап до елитните кругови и самата давала донации со шестцифрени суми.
Влијателни луѓе од големите технолошки компании всушност се изиграни, вооружени и контролирани за да ја туркаат агендата на Светскиот економски форум на Клаус Шваб, финансирајќи го неговиот „филантропски“ политички систем, вели Шанахан.
Таа вели дека и самата била член на „мафијата на технолошки сопруги“ од Силициумската долина, кои колективно надгледуваат политички донации од милијарди долари.
Ние бевме алатки во глобалистичка кампања за концентрација на моќта во невладини организации, меѓународни фондации и шеми за корпоративно управување. Тоа не беше добротворна организација, туку инженерство, вели Шанахан.
Поранешната сопруга на Брин вели дека Светскиот економски форум и неговите политички сателити конфискувале пари од големите технолошки компании за да финансираат поширок идеолошки проект – иницијативата што Шваб ја нарекувал „Големото ресетирање“. Контролата за протокот на јавните информации што ја овозможија технолошките гиганти, била злоупотребена за манипулирање со наративите во корист на глобалистите. Во мрежата биле вклучени невладини организации, влијателни лица од Холивуд, консултанти од Давос и корпоративни „советници“.
Тоа беше систем во кој науката стана политички штит, дебатата беше замолчена, а корпорациите беа трансформирани во идеолошки спроведувачи на приоритетите за ЕСГ (еколошки и социјални прашања и управување) и усогласеноста со ДЕИ (диверзитет, еднаквост, инклузија).
Шанахан била убедена дека се пронашла себе си во филантропската активност и навистина верувала дека им помагала на загрозените, но наместо да им помогне на обичните Американци, системот создал повисоки трошоци за енергија, надуена валута, поскапувања, намалување на пазарите на труд и построги ограничувања на говорот.
Резултатите се неоспорни. Криминалот стана уште полош. Менталното здравје е полошо. Целиот модел е расипан, вели Шенахан.