Има ли шинтер за Гинтер?

Кога првпат ве запознававме со Гинтер Фелингер, го опишавме како „австриска НВО бубашваба“. Не само што не сме згрешиле туку и - малку му е. Ако тогаш ги провоцираше Србите мавтајќи им со НАТО знаме на денот кога таму се палат свеќи за жртвите на бомбардирањата, сега, на 11 октомври побара од Македонија да се откаже од својот национален празник.  

Ја повикувам Северна Македонија да го откаже празникот 11 октомври, кој го измисли комунистичка Југославија како прослава на неколку тажни партизани, губитници кои ги нападнаа Бугарите кои всушност ја ослободија Македонија од бруталните српско-фашистички окупаторски сили, бидејќи еден од четирите национални денови е апсурден и недостоен за сојузничка на НАТО и идна членка на ЕУ!

Откажете го 11 октомври сега! @gogamkd

Ова на 11 октомври го напиша спомнатиот Фелингер, кој се претставува како прв човек на некаков австриски комитет за проширување на НАТО со Косово, Украина...

Пред две години овој гилиптер успеа да ги обедини вечно раскараните Срби. Да видиме дали тоа ќе успее и со вечно раскараните Македонци.

Ако ви треба инспирација, видете како Гинтер ги разбуди креативните потенцијали на Србите, во нашата статија:

Како Гинтер ги обедини Србите и кидна за Косово 

13 октомври 2025 - 19:24