Таг: сп 2018 русија

10 најголеми скандали на Марадона во последните година дена

Избувлив каков го дале, Диего не пропушта прилика да прави циркуси и во фаца да им плеска сè на костумосаните раководители кои според него недоволно ги почитуваат старите легенди.

Сторија за јунакот на Интер - Матиас Весино кој на 14 години останал без татко

Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.

Од бездомник до учесник на СП кој му фати пенал на Роналдо

Алиреза Беиранванд е името на голманот на Иран, веројатно единствениот човек со ваков пат до Мундијалот во Русија. Да не го направел чекорот кој се вика бегање од дома и живеење кај стигне, сега веројатно ќе бил само овчар.

Нема палење скара на Светско во Русија

Во градовите домаќини на Светското првенство 2018 ќе биде воведен противпожарен режим - одлучило Министерството за вонредни ситуации на Русија чиј главешина е Владимир Пучков.

Во Саудиска Арабија жените ќе ги пуштаат на фудбал - првпат во историјата

Некогаш ако жена се осудеше да стапне на стадион, ја апсеа и затвораа. Сега работите се смените, па ќе можат и со кола да одат да гледаат фудбал.

Како цел Перу се заангажирал репрезентацијата да оди на Светско

За штосот со кетерингот против Уругвај пишувавме, а во меѓувреме Перуанците се решија на што сè не за да се пласираат на Мундијалот 2018 во Русија.

Сирија во време на војна на праг од пласман на Светско првенство

Во случај да ја минат Австралија во историскиот бараж, Сиријците би можеле на последното скалило да се сретнат со САД коишто играат очајни квалификации и се четвртопласирани на табелата во КОНКАКАФ зоната.

Навивачите на Спартак му одговорија на БиБиСи

Дебатата на релација БиБиСи - руски навивачи продолжува. Откако британскиот канал сними документарка во која неколку маскирани навивачи зборуваат за спартанските тренинзи а БиБиСи ги прикажа како хулигани кои се спремаат за војна со противничките ултраси на Светското, одговор стигна изворно од трибината.

Новиот стадион во Краснодар со мегаломански екран

Рускиот град Краснодар има околу 780.000 жители и ултра модерен стадион кој беше отворен на 9. октомври кога пријателски меч одиграа Русија и Костарика.

Иранците да се молат, наместо да навиваат

Иран и Јужна Кореа попладнево играат многу важен меч во борбата за пласман на Светското 2018-та. На Иранците им паѓа голем верски празник, па властите побарале од сите присутни навивачи да се молат и да тагуваат, наместо еуфорично да навиваат.

Лужники - стадионот на кој ќе се игра финалето на СП 2018

Русија забрзано и активно работи на изградба и реновирање на фудбалските стадиони за Мундијалот кој се игра за две години. Легендарниот стадион во Москва на кој Челси и Ман. Јунајтед играа финале на ЛШ е во фаза на реновирање.