После 90 минути од основното време репрезентацијата на Сирија губеше 2-1 од Иран и го слушаше резултатот од Узбекистан каде домаќинот мораше да ја победи Јужна Кореја за место во баражот.
Но во 93. минута Омар Ал-Сома после брз контранапад на Сирија шутираше силно и топката меѓу нозете на голманот заврши во мрежата за конечни 2-2. Сирија продолжи да се бори за пласман на Светското првенство во Русија! Коментаторот на сириската државна телевизија плачеше од среќа во преносот:
Syrian commentator breaks into tears after Omar Al-Somah's historic goal against Iran. This is football ❤️pic.twitter.com/7ThYKr7DdQ
— Troll Football Media (@Troll__Footbal) September 5, 2017
Сега Сирија ја чека историски бараж меч против Австралија во октомври а победникот ќе се сретне во нов двомеч, плејоф против четвртопласираната селекција од зоната КОНКАКАФ. А таму можни противници им се: САД, Хондурас или Панама.
Кој игра за репрезентацијата на Сирија?
Многу фудбалери од репрезентацијата на Сирија играат во странство. На пример шест репрезентативци настапуваат во Малезија. Најдобриот стрелец на селекцијата во квалификациите Омар Хрибин (10 гола на 17 меча) игра во Саудиска Арабија, а полушпицот Махмуд Ал-Мавас (лидер по број на настапи во квалификациите - 18) игра во Катар.
Годинава во репрезентацијата се врати и еден фудбалер кој претходно беше против претседателот на земјата Башар Асад, тоа е Фирас Али-Хатиб кој се смета за најдобар фудбалер во историјата на Сирија.
Во 2012 година напаѓачот ја поддржал опозицијата и изјавил дека нема да игра за репрезентацијата која што ја контролира Асад кој фрла бомби меѓу мирните гражани (мислел на неговиот роден град Хомс). После пеет години Али-Хатиб се вратил во репрезентацијата и одиграл 4 меча за неа. Против Иран вчера играше 60 минути во решавачкиот меч.
„Денес во Сирија нема еден или двајца убијци - има многу. И јас ги мразам. Што и да се случи на крајот, 12 милиони Сиријци ќе ме сакаат, а другите 12 милиони ќе сакаат да ме убијат“, раскажувал Али-Хатиб при враќањето во репрезентацијата.
Еден од главните стрелци на репрезентацијата на Сирија, Омар Али-Сома(75 гола на 70 меча за саудискиот Ал-Ахли) играл на последните два меча. И тој го постигна важниот гол кој ја донесе неговата Сирија во водство. За него зборувале дека ќе се откаже од репрезентацијата затоа што ќе добие државјанство на Саудиска Арабија (таму имал повеќе пари и било безопасно) но самиот ги демантирал гласините:
„Се надевам само дека ќе можеме да ги израдуваме нашите навивачи на кои им треба наша победа. На целата земја која е во војна и треба такво нешто“, изјавил Али-Сома пред мечот со Иран.
Hell yeah!!! #yes_we_can Road to Russia pic.twitter.com/YOcdOECO6E
— Majd Fahd 🇸🇾 (@Syria_Protector) September 5, 2017
Каде Сирија ги игра домашните мечеви?
Во ситуација кога од 2010 година во Сирија беснее страшна војна со стотици илјади жртви и разрушени цели градови, фудбалскиот сојуз на оваа држава се соочи со закана од ФИФА дека ќе забрани одигрување меѓународни мечеви во Сирија. Поради тоа Сиријците домашните натпревари од квалификациите ги играа во Малезија каде патуваа многу нивни навивачи од татковината.
Пеколно страшната војна и фудбалот во Сирија
Граѓанската војна во Сирија трае од 2011 година и за тој период до денес неофицијално животот го загубиле 400.000 луѓе. 12 милиони жители, што е половина од населението на земјата ги напуштиле своите домови.
Власта на Башар Ал-Асад смета дека фудбалот може да ги обедини сите жители на земјата: „Играта им дава причина за среќа и насмевка на луѓето. Им помага да заборават на мирисот на разрушеност и смрт“, вели портпаролот на репрезентацијата на Сирија Башар Мохамед.
Но не баш сите се согласуваат со ова.
Ајман Кашит, поранешен фудбалер, во 2015 година во главното седиште на ФИФА во Цирих донел 20 страничен документ под наслов „Воени престапи против сириските фудбалери“.
Тој сметал дека тоа што го прави режимот на Асад во Сирија со фудбалот е кршење на правилата на и решенијата на ФИФА. Според Кашит: „ФИФА е строга и ригорозна кон земјите во кои политиката се меша во фудбалските сојузи а сега во Сирија каде има војна, стадионите се користат како армиски складишта, деца и фудбалери помлади од 18 години умираат а играчите завшруваат во затвор, покрај сите докази ФИФА не реагира? Тоа е лицемерно“, вели Кашит Ајман.
По зборовите на Анас Амо, поранешен спортски новинар од Алепо, минимум 38 сириски фудбалери од првите две лиги во земјата биле ранети, измачувани или убиени како резултат на властите во Сирија. Уште 13 играчи се загубени без никаква вест за нив.
„Членови на семејството на неколку играчи од репрезентацијата паднаа во атвор. Фудбалерите практично беа принудени да играат инаку роднините би можеле да умрат“, вели Амо.
Репрезентацијата на Сирија никогаш не играла на Светско првенство. Оттука таков успех би бил рамен на чудо и неверојатна сензација.
Еуфорија и прослава на улиците во градот Хомс кој до пред неколку недели беше поприште на тешки судири со џихадистите:
Но патот преку Австралија и баражот со селекција од КОНКАКАФ е многу долг... Ќе дознаеме во ноември.
Syria away, never thought I'd tweet this 🇦🇺
— matt mccole (@mattdude1888) September 5, 2017