Во преполната сала од чии трибини често во текот на натпреварот се слушаа навреди за српските кошаркари и нивната земја, дуелот се реши во драматичен финиш.
Србија водеше, домаќинот на два пати се врати но не успеа во целост да ја стигне предноста и на крај БиХ загуби со два поени разлика 72:74.
Босна имаше напад за триумф или продолжение, но Амар Алибеговиќ најпрво промаши обид за три поени, а потоа и зицер во последните секунди, што им овозможи на Србите да го задржат минималното водство и да ја прослават победата, втора во квалификациите после онаа над Швајцарија.
PURE CHAOS. 😳
— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) November 30, 2025
Another one that went right down to the final shot.#FIBAWC | #StepItUp pic.twitter.com/iPzSu9dj1S
Во оваа група се уште и Турција и Швајцарија. Турците убедливо со 25 поени разлика, 60-85 ја совладаа Швајцарија па сега по триумфот во првото коло над БиХ, први се на табела заедно со Србија.
Токму Србија и Турција ќе играа меѓу себе во февруари и март следната година, прво кај едните, после кај другите.