Реконструкцијата на Лужники започнала во 2014. година, а основните промени треба да завршат до крајот на 2016-та. На овој стадион ќе се играат главните натпревари на Мундијалот 2018: меч на отворањето, еден полуфинален дуел и финалето.
Целта на реконструкцијата и реновирањето е да се измени геометријата на трибините кои сега треба да бидат максимално приближени до теренот. Првите тестирања покажале дека комплет сè ќе заврши во летото 2017-та година.