Таг: мундијал 2018

Премиерот на Австралија побара да се решат проблемите со преносот на Светско

Малком Трнбол, премиерот на Австралија во директно обраќање до шефот на тамошниот носител на тв права за Светското побарал што поскоро да ги средат проблемите од техничка природа за народот да може да гледа Мундијал како што треба.

Генијална презентација на составот на Саудиска Арабија

Откако се пласираа на Мундијал после 12 години пауза (играа 94’, 98’, 2002’ и 2006’), Саудијците живеат за моментот кога ќе почне Светското 2018 во Русија. За разлика од другите репрезентации, направиле многу штослеста презентација на списокот играчи кои ќе патуваат.

Цел живот гинеш за репрезентација и не играш на Светско поради кокаин

Најдобриот стрелец во историјата на селекцијата на Перу и центарфорот кој на 18 години кинеше мрежи во дресот на Баерн Минхен нема да го оствари животниот сон да ја поведе својата земја на еден Мундијал.

Плукаше по ФИФА, а денес ќе ја води ждрепката за Светско

Важеше за убедливо најголемиот критичар на ФИФА во времето на Сеп Блатер и тоа ’во времето’ го користи како алиби во моментот кога цел свет го напаѓа дека е лицемерен и дека прифатил да биде дел од нешто што до вчера го плукал.

Австралија после 250.000 километри пат се пласираше на Светско

После 22 меча за 884 дена во далечни земји на крајот од светот, „Кенгурите“ заслужено обезбедија пласман на Мундијалот 2018 во Русија. Имаа убедливо најтежок пат до Светското.

5 години од најубавиот гол во кариерата на Златан

Неговите Швеѓани само што обезбедија пласман на СП и одма се поставува прашањето дали нивниот најдобар играч во историјата, кој реши да ја заврши репрезентативната кариера, ќе се врати за Мундијалот. Во меѓувреме ние и натаму ќе уживаме во спектакуларните „ножички“ од пред 5 години на пријателска против Англија.

Најјаката песна што нема да се слуша на Мундијалот

Секако дека ја памтите најзаразната песна од Европското 2016 кога Северно-Ирците му пееја на нивниот напаѓач Вил Григ. Тие синоќа ремизираа 0-0 со Швајцарија во реваншот од баражот и не се пласираа на Мундијалот во Русија следното лето.

Атласките лавови кои отидоа на Светско без примен гол

Репрезентацијата на Мароко го победи Брегот на Слонова Коска со 0:2, се пласираше на Мундијалот 2018 и за првпат после 1998 година ќе игра на едно Светско првенство.

На кој што му треба за да патува на Светско 2018?

Уште две кола нè делат до крајот на квалификациите за Мундијалот во Русија а после нив ќе се игра и ужасно тешкиот бараж во ноември, последно скалило на патот кон Светското. Скенираме на кој што му треба до крајот.

Најчудниот стадион во Русија за Светското има една трибина надвор

На крајот од минатата недела на Интернет кружеше фотографија од најчудната единечна трибина на стадионот во Екатеринбург. Монтажна е, со цел да се зголеми капацитетот за навивачите кои ќе дојдат на Светското првенство догодина.

Зошто Италијанците ѝ се благодарни на Македонија

Италијанската јавност со пофални зборови до македонската репрезентација за која велат дека им помогнала што ја задржала Албанија на пристојна дистанца (6 бода) од второто место кое води во бараж.

Лужники - стадионот на кој ќе се игра финалето на СП 2018

Русија забрзано и активно работи на изградба и реновирање на фудбалските стадиони за Мундијалот кој се игра за две години. Легендарниот стадион во Москва на кој Челси и Ман. Јунајтед играа финале на ЛШ е во фаза на реновирање.

Ветерот кој го помести Мундијалот од Русија

Во центарот на Калининград, знакот со кој се најавува Светското првенство во фудбал во Русија, ветерот го преименувал во УСА. Како измислено за љубителите на теоријата на завера. Метеоролозите во меѓувреме најавиле засилен ветер од запад.