Само што почнавме да фрламе дрвја и камења по нашата Македонска радио телевизија поради сериозните проблеми во преносите на некои натпревари, сега гледаме дека и Австралија има исти маки со слика од Светското.
Гигантот Оптус којшто ги откупил правата за пренос на средбите од Мундијалот ќе мора да поработи на решавање на проблемите откако се заангажирал лично премиерот Трнбол.
„Зборував со генералниот на Оптус, Ален Леј. Ми гарантираше дека тој самиот лично ќе се заложи за да се решат стриминг проблемите и верува дека ќе биде средено вечерва“, напишал на Твитер премиерот на Австралија.
I have spoken with the Optus CEO, Allen Lew. He assures me he is giving the World Cup streaming problems his personal attention and he believes it will be fixed this evening.
— Malcolm Turnbull (@TurnbullMalcolm) June 18, 2018
Дебата во австралискиот парламент се развила откако лидерот на опозицијата Бил Шортен бурно реагирал што граѓаните плаќаат високи такси а Светското не го гледаат како што треба.