Според еден извештај од Калифорнија, жените плаќаат "женски данок", плаќајќи годишно за исти услуги како мажите 1.350 долари повеќе од нив
Дискриминацијата е двојна ако се земе предвид и јазот во платите меѓу двата пола: за секој заработен машки долар, жените заработуваат 79 центи.
Истражувачи во Њујорк споредиле цени на стотици производи за мажи и жени. Најголеми се разликите во производите за нега на коса; женските шампони, балзами и гелови во просек чинат 48 проценти повеќе од машките.
Плаќаат повеќе и за фризура (за иста комплицираност, не со дрвење) и тоа околу 25 % повеќе, а богами и за бричење (што и да е):
Вака сумирано изгледа листата со разликите во цени:
Назад кон оние тротинети. Откако луѓе се побуниле зошто машкиот е 24.99 а женскиот 49.99 долари, компанијата соопштила дека е грешка и ги приближила цените.
Сепак, во истата продавница за детски играчки, машки пиратски брод и натаму е 24.99 а женскиот брод со принцеза е 37.99 долари.