Таг: сп русија 2018

Таква контра само Белгија може да изведе

Во осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018-та, Јапонија со две „камикази“ за само 4 минути (Харагучи 48', Инуи 52') ја олади Белгија и почна да им ги пакува куферите. Ама Белгијците не за џабе беа фаворит број 1 за финале, па се вратија за 5 минути (Фертонген 69' и Фелаини 74'). За да во последни секунди светне една луда контра која ја круниса Шадли.

Лудиот кам-бек на Данска од 3-0 за 9 минути

Кога тркалото ќе тргне по надолнина, тогаш нема враќање назад. Тоа на своја кожа синоќа го осетија репрезентативците и навивачите на Швајцарија на стадионот „Сент Јакобс“ во Базел.

Како Меси преку Ракитиќ им пратил на Хрватите 30 дреса

Воодушевен од тоа како Хрватите се бореа и играа на Светското првенство 2018, Лионел Меси преку соиграчот на Барса потпишал автограм на 30 дреса и им ги пратил на „коцкестите“.

Како мечот со Македонија му помогнал на Рамос да ја усоврши Паненката

По криминално изведениот пенал против Баерн Минхен во полуфиналето на Лига на шампиони кога во целиот свет го тролаа, Серхио Рамос не спиел цела ноќ и решил да смисли нова тактика со која ќе ги фрла голманите на земја.

Величествен пречек на Златко Далиќ во родниот крај на БиХ

Десет дена по финалето на Светското првенство, за Хрватска повторно се слави. Односно славјето никогаш не ни престана, а овој пат фештата продолжи во Ливно, БиХ каде што е роден селекторот на Хрватска кој стигна до историското сребро во Русија. Преку 50.000 го пречекаа.

Остриот говор на Погба на полувремето со Аргентина

„Сакам да видам војници на терен. Не сакам да си одам дома. Не сакаме дома, сите заедно. Војници. Ќе ги “утепаме“ овие Аргентинци. Меси или не, не ме боли. Има да го освоиме ова ебено Светско“, им рече мотивираниот Погба на своите колеги на полувремето од осминафиналниот меч против Аргентина. На полувреме беше 1:1, на крај 4:3.

Патот на Хрватска од квалификациите до финалето во Москва

Според квалитетот и класата на играчи, за оваа селекција на Хрватска е нелогично да се каже дека направила изненадување со среброто во Русија. Но нивниот пат до Мундијалот воопшто не беше едноставен. Кога во финишот од квалификациите загубија од Турција, па во претпоследно коло киксираа 1:1 со Финска на домашен терен примајќи гол во 90-та минута, од хрватскиот сојуз го набркаа Анте Чачиќ и за негов заменик го назначија анонимниот Златко Далиќ.

Фоторепортерот кој Манџукиќ го собори на земја ќе летува во Хрватска

Јури Кортез кој се прослави во полуфиналето на Мундијалот во Русија доби покана да ја посети земјата која се уште е во транс од остварувањето на нивниот најголем фудбалски успех во историјата.

Зошто големите банки спектакуларно го утнаа предвидувањето на шампион на Мундијалот?

Според моделите на луѓето што управуваат со глобалните пари, фудбалски шампион на светот требаше да биде Бразил или Германија. А не биднаа ни едните, ни другите.

Рефлексот на Субашиќ за време на славјето

Кога Данијел Субашиќ ти чува грб тогаш немаш гајле, на сигурно си. Прашајте го Вида, тој најдобро го знае тоа. Модриќ пак со една рака го пазеше, а со друга го снимаше за story.

Говорот на Дешамп за време на финалето на Мундијалот

Водството од 2:1 на полувреме во финале на Светско не е никаква гаранција дека го имате пехарот в раце, особено не против една ваква Хрватска за која и самиот француски селектор е свесен колкава енергија вложија на терен. Хрватска играше фудбал, но Французите имаа повеќе к`смет, веруваа во себе и победија.

Французите почнаа да ги исполнуваат ветувањата ако станат шампиони

Иако најчесто читаме и слушаме за некоја старлета, фото-модел или манекенка како ветила дека ќе направи нешто необично ако нејзината земја стане светски првак, такви ветувања даваат и самите фудбалери.

Хрвати низ Брисел

Некаде помеѓу најголемиот успех на хрватската репрезентација (победа во полуфиналето) и најголемиот успех на хрватската репрезентација (играње во финалето), хрватско семејство, со детуле во национален дрес, се пушта на проштека низ Брисел.

Може ли фудбалот да го оздрави француското општество?

Низ историјата, Nike и adidas имаа многу врвни реклами со интересни поенти, но неодамнешниот трик на германскиот гигант во Париз, безусловно заслужува максимално внимание и почит. И кажува многу повеќе од една фудбалска игра.

Искуствата на навивачите кои губеа лични ствари во Русија

На толку илјади навивачи од цел свет кои ја запоседнаа Русија изминативе месец дена, не може да нема расеани. Местото на lost and found ствари личи на маркет во кој ај што има куфери и торби, туку и загубени работи од типот на играчки, чадори, тапани, па дури и санки. Што нема во магацинов. Русиве враќале назад тоа што ќе најдат, барем на овие интервјуираниве.

Хрватот кој си стави на глава шапка од натрапниците на финалето

Во моментот кога членови на феминистичката панк група Паси Рајот на кратко го прекинаа финалето на Светско првенство, Марсело Брозовиќ реши да си поигра.

Преубава изведба: Деца ги повторија истите сцени од финалето

Со автогол со глава како Манџукиќ, со дриблингот и бомбата со лева на Перишиќ, со игра со рака и барање ВАР снимка да се прегледа, со сè... Руски дечиња кои тренираат во елитна фудбалска школа во Москва го повторија финалето:

Овации за детето со хрватско знаме во Брисел

Франција е Светски првак во фудбал, ама срцата на неутралните навивачи ги освоија Хрватите. Тричлено семејство се прошета во центарот на Брисел, навивачки реквизит на Хрватска носи само детето, а мајката гордо го снима бидејќи сцената изгледа како да проаѓа Лука Модриќ.

Јувентус дал најмногу светски шампиони во историјата

„Старата дама“ има плејада фудбалери кои освојувале златни медали на Европските и Светските првенства, во најголем случај со репрезентацијата на Италија. Зад нив е Баерн Минхен, а следуваат и клубови од Јужна Америка.

Шлакнат славеник на денот

Широки Бриег е град во Босна и Херцеговина, овој навивач слави за Хрватска и трето, овој навивач е неарен, со зоља го славеше сребрениот медал на Хрватите.

Шиме е најјак, му се качи на џандарот на мотор

Додека цела репрезентација на Хрватска 5 часа се клацкаше и лудуваше на панорамскиот автобус од загрепскиот аеродром до плоштад, еден од играчите го снема.

Ма какво второ место, Хрватите се пречекани како богови

По историскиот пласман во финале, Хрватска тотално одлепи и ги пречека своите херои како Светски шампиони. Ваков епски пречек може да приредат само балканци и никој друг. Се зборува за бројка од половина милион луѓе во центарот на Загреб. Една женска топлес се сликаше со полицајци.

Сите голови од Светското на едно место

На Светското првенство паднаа 169 погодоци на 64 натпревари или во просек по 2,64 гола по натпревар. Во Москва се одигра и најефикасното финале од 1966 година (финалето тогаш завршило 4-2 но после продолженија).

Французите му пееле на Путин во соблекувална

Светски шампион се - им се може. Група француски фудбалери после финалето во соблекувална качени на маса, предводени од Погба му скандираат на рускиот претседател: „Путин, еј хеј хеј“. Колинда Грабар-Китаровиќ им честита на француски јазик.