Шиме е најјак, му се качи на џандарот на мотор

Додека цела репрезентација на Хрватска 5 часа се клацкаше и лудуваше на панорамскиот автобус од загрепскиот аеродром до плоштад, еден од играчите го снема.

Бекот на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко беше еден од најдобрите поединци на Мундијалот во Русија, ама дечкото го бива и за други работи
 
Во вчерашното шоу низ улиците во Загреб тој направи свое шоу со кое ги воодушеви сите. Во еден момент се симна од автобусот и му се испентари на еден полицаец на мотор кој беше дел од полициската придружба. Закон.
Врсаљко знаеше да се јави од соблекувална и со по некоја видео порака, а цепки беше после победата над Англија во полуфинале.

 

17 јули 2018 - 10:17