Таг: Хрватска

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Хрватите се скршени поради една неочекувана и контроверзна одлука која со помош на ВАР им ја скрати радоста на голот кој ќе го однесеше мечот во продолженија. Им пресудил сензор, кој очигледно ја детектира и косата.

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Со гол во 94-та минута и пресврт, Португалија ја доби Хрватска со 2:1 и закажа осминафинална битка против Шпанија. Перишиќ погоди во 53-та минута, Роналдо доби пенал со ВАР во 68-ма. Мечот го реши Гонзало Рамос во 94-та. Кулминација на драмата беше 13 минута од судиското продолжение. Гвардиол го израмни резултатот, но голот му беше поништен со ВАР.

Го чувте ли новиот хит „Пада Португал“?

Хрватите се пред сериозен испит во осминафиналето кој се вика Португалија. Мечот се игра во среда према четврток од 1 часот. Слушнете го каква песна склопил царов пред големата битка.

Мајсторија на Сучиќ од 25 метри, Хрватска ја доби Гана и заврши втора

Англија и Хрватска ги оправдаа очекувањата во групата Л. Англичаните ја добија Панама и останаа први. Хрватска беше подобра и Гана, која куртули и ќе игра нокаут фаза како трета.

Ќе речеш каква Панама, а Ливаковиќ три пати спасуваше во пола минута

Не е лесно да се игра на Светско. Прашајте ги Турците и Босанците, ама и Хрватите. Во трето коло мора да ја победат во Гана, онаа која ја сопре Англија, во спротивно ќе си одат дома, што би значело фијаско за нив, со оглед на класата која ја покажаа на минатите два светски шампионати. 

Анте Будимир ја одржа Хрватска во живот, Гана со фантастичен резултат против Англија

Хрватска и Англија не ја завршија работата по првите 2 кола, како голем дел од фаворитите. Хрватите ја совладаа Панама со 1:0, а Англија одигра само 0:0 против Гана. Сега ситуацијата во групата се искомпликува. Притисокот е врз тимот на Далиќ.

Спектакуларно славје за бронзената Хрватска

После сите политички натегања, на плоштадот во Загреб сепак се организираше пречек за ракометарите кои го освоија третото место на Европското ракометно првенство. Славјето беше лудо со илјадници навивачи, а за забавата беа задолжени Запрешиќ Бојс, Хрватске руже и контроверзниот Марко Перковиќ Томпсон, за кого се дебатираше дали воопшто треба да настапи.

Еуфоријата на Хрватите почна уште на аеродром

Ракометарите на Хрватска одиграа повеќе од задоволително Европско првенство кое го крунисаа со трето место и бронзен медал. Навивачите го наполнија аеродромот во Загреб за да ги пречекаат своите јунаци. Славењето може да почне.

Моќни снимки и слики од еуфоричното славје на Хрватите

Хрватска е голема ракометна сила со вкупно 15 медали, меѓу кои злато на СП 2003 и две на Олимписките игри 1996 и 2004. Им фали титула само на Европско, каде имаат играно три финалиња. И на овој турнир се во игра за медал, кој би го освоиле ако ја победат Германија. Погледнете ја оваа радост откако синоќа го заверија полуфиналето после триумфот над Унгарија. Во транс се.

Најинтересните моменти од дербито во Подгорица

Го носи епитетот дерби, поради она балканското, како две екс ју земји, но не и според квалитетот. Но, сепак Црногорците и покрај тоа што завршија претпоследни, зад Фарски Острови и само пред Гибралтар, пружија силен отпор. Водеа 2:0 после 17 минути игра, но загубија 2:3. Ги издвојуваме головите на Крстовиќ и Влашиќ, како и одбраната на Ливаковиќ на крај.

Јакиќ во стилот на Фиго

Хрватска без проблеми ја доби Црна Гора со 4:0 и со натпревар помалку е прва во својата група со 12 бода, исто колку што има Чешка. Деби гол на Кристијан Јакиќ на својот 12-ти репрезентативен настап. Фудбалерот на Аузбург измеша двајца, па го изненади голманот. Фиго знаеше вака, а еднаш и Турам има дадено ваков гол.

Пеналите од Франција - Хрватска и Шпанија - Холандија

Луда четвртфинална ноќ во Лига на нации. 4 меча - 21 гол. Германија - Италија 3:3, Шпанија - Холандија 3:3, Португалија - Данска 5:2 и Франција - Хрватска 2:0. Само првиот од четирите дуели се реши во 90 минути игра. Португалците победија во продолженија, а Франција и Шпанија на пенали. Бујрум.

Втора младост на Перишиќ, даде голчиште против Франција и го мина Манџукиќ

Хрватска дефинитивно нема балкански менталитет. Таа не размислува како да и парира на Франција, една од најмоќните селекции во светот која заврши прва и втора на последните два Мундијали, туку излегува на терен и ја победува.

Судиите подзаборавија, но хрватските навивачи беа спремни за минута молк

Квалификацискиот ракометен натпревар за ЕП помеѓу Хрватска и Чешка беше прекинат со задоцнување за да се одржи минута молк за настраданите во Кочани. Судиите задоцнија, а сигналот го добија од трибина каде имаше македонско знаеме. Благодариме Хрвати.

Фешта во Загреб во чест на сребрените јунаци

Хрватска не успеа да го направи последниот исчекор и да ја добие моќната Данска во финале, но сепак илјадници навивачи ги наградија за игрите, борбеноста и одличното второ место на Мундијалот.

Данска е неприкосновена ракометна сила, четврто мундијалско злато по ред

Селекцијата на Данска предводена од селекторот Николај Јакобсен, како и лидерот Матијас Гидсел, дефинитивно е друга димензија. На четири светски првенства во низа, никој не може да и го најде лекот.

Пресек од врвната партија на Кузмановиќ кој беше извонреден со 14 интервенции

Франција имаше многу проблеми во полуфиналето. Се изгуби во сопствената игра, немаше лек за мега мотивираната и полетна Хрватска, а не умееше да се справи ниту со Доминик Кузмановиќ. 22 годишниот голман на бундеслигашот Гумерсбах бранеше како во транс.

Силни прегратки, солзи и многу емоции кај Хрватите

Хрватска пука од емоции после две нестварни ракометни партии. Најпрвин со луд пресврт ја победија Унгарија во четвртфинале, па неочекувано и целосно ја надиграа Франција во полуфинале. Ќе се борат за мундијалско злато за прв пат после 2009-та година. Како и самите да не веруваа што направија. Имаа блескава ноќ за паметење.

Франција доби ракометна лекција до перфекција, Хрватска е во финале

Селекцијата на Хрватска приреди сензација против актуелниот европски првак и со страшен ракомет целосно го надигра и го исфрли во битката за финале. Хрватите ќе се борат за светско злато со подобриот од дуелот Данска - Португалија.

Јако ракометно ретро од СП 2005, Лино против Вујо

Се работи за битка вредна полуфинале на Мундијалот во Тунис меѓу Хрватска, актуелен светски првак од 2003-та и селекцијата на Србија и Црна Гора. Вујо има негатива од еден гол и последен напад од 15 секунди. Се одлучува со тактика 7 на 6. За Хрватска тогаш играат ликови како Ивано Балиќ, Џомба, Игор Вори, Лацковиќ, Голуза, а за Србите брани Штербик.

Акција на Хрватска, пример за тимски фудбал и воиграност

Не е битно дали одиш на пријателска во Анталија или на турнир во Египет. Битно е да ги искористиш тие средби за воигрување, за после во важни натпревари да не бидеш дудук. Во репрезентативните термини, Хрватска играше Куп натпреварување кое го освои откако во финале го победи домаќинот Египет со 4:2. Погледнете ги колку се добро поврзани. Везат и не бадијала на последните две светски се втори и трети.

Селекторот на Хрватска изрежира циркуз пред камера

Хрватска го совлада Бахреин со 43:32, но заврши трета во група и не избори пласман во четвртфинале. Селекторот Хрвоје Хорват го изведе најчудното интервју на Светските ракометни првенства. Покажуваше срце и глумеше дека е нем. Хрватите бараат оставка.

Вујо за Гидсел: Срам да ти е копиљ еден, кога Дувњак ќе ти подаде рака месец дена нема да ја миеш

Данска и Хрватска ремизираа 32:32 во првото коло од втората групна фаза на Мундијалот. Матијас Гидсел кој очигледно е терсене лик, им го навлече гневот на хрватските коментатори, а уште повеќе на Веселин Вујовиќ.