Фешта во Загреб во чест на сребрените јунаци

Хрватска не успеа да го направи последниот исчекор и да ја добие моќната Данска во финале, но сепак илјадници навивачи ги наградија за игрите, борбеноста и одличното второ место на Мундијалот.

Foto: EPA

Забавата и пречекот на ракометарите беше закажан на плоштадот „Бен Јелачиќ“, каде се славеше сребрениот медал на Хрватите.

Бакљи, песни, овации за сите, но најмногу за легендарниот капитен Домагој Дувњак и за поранешниот вардарец Игор Карачиќ, кои се простија со репрезентација во која оставија огромен белег.

Од атмосферата која ја приредија навивачите највоодушевен беше селекторот.

„Вие сте луд народ. Ве сакам. Го сакам својот тим, ги сакам сите, но најмногу Пешиќ“, им се обрати Сигурдсон.

Хрватска играше финале по пауза од 16 години.

4 февруари 2025 - 08:38