Таг: сп ракомет 2025

Фешта во Загреб во чест на сребрените јунаци

Хрватска не успеа да го направи последниот исчекор и да ја добие моќната Данска во финале, но сепак илјадници навивачи ги наградија за игрите, борбеноста и одличното второ место на Мундијалот.

Најлудата одбрана со глава, вредна медал за Франција

Франција и Португалија одиграа неизвесен натпревар во битката за бронзениот медал кој го освоија Французите со триумф од 35:34. Португалците имаа напад за реми и продолженија, но голманот Болзингер направи чудесна одбрана и со глава го спаси голот.

Данска е неприкосновена ракометна сила, четврто мундијалско злато по ред

Селекцијата на Данска предводена од селекторот Николај Јакобсен, како и лидерот Матијас Гидсел, дефинитивно е друга димензија. На четири светски првенства во низа, никој не може да и го најде лекот.

Пресек од врвната партија на Кузмановиќ кој беше извонреден со 14 интервенции

Франција имаше многу проблеми во полуфиналето. Се изгуби во сопствената игра, немаше лек за мега мотивираната и полетна Хрватска, а не умееше да се справи ниту со Доминик Кузмановиќ. 22 годишниот голман на бундеслигашот Гумерсбах бранеше како во транс.

Силни прегратки, солзи и многу емоции кај Хрватите

Хрватска пука од емоции после две нестварни ракометни партии. Најпрвин со луд пресврт ја победија Унгарија во четвртфинале, па неочекувано и целосно ја надиграа Франција во полуфинале. Ќе се борат за мундијалско злато за прв пат после 2009-та година. Како и самите да не веруваа што направија. Имаа блескава ноќ за паметење.

Франција доби ракометна лекција до перфекција, Хрватска е во финале

Селекцијата на Хрватска приреди сензација против актуелниот европски првак и со страшен ракомет целосно го надигра и го исфрли во битката за финале. Хрватите ќе се борат за светско злато со подобриот од дуелот Данска - Португалија.

Последните 12 секунди и голот вреден историско полуфинале за Португалија

По Хрватска и Франција, четвртфинале со драматичен крај донесе селекцијата на Португалија, која со златни букви ќе го запише овој Мундијал во својата историја, откако за прв пат влезе во битка за медал. Го елиминираше поранешниот светски и европски првак Германија со 31:30 по продолженијата. Ја реши Мартим Кошта во последниот напад од мечот за делириум на паркетот.

Херојот Иван Пешиќ кој без бубрег бранеше за Хрватска и соиграч избодеа пред него

„Кога дознав дека сум останал без бубрег, првото нешто на што помислив беше Иван Класниќ“, рече Иван Пешиќ, човекот кој со своите блескави одбрани на голот против Унгарија и помогна на Хрватска да се пласира во полуфинале на Мундијалот.

Делириумот во соблекувалната на Хрватска на чело со капитенот

Хрватите приредија фасцинантна драма во првото четвртфинале против Унгарија, селекција која се изнамачи и не успеа да ја победи Македонија во прво коло. Обезбедија полуфинале и покрај тоа што на 5 минути до крај губеа 29:25. За Домагој Дувњак победата донесе посебна радост, бидејќи синоќа не му заврши репрезентативната кариера. Хрватска ќе одигра уште два меча, полуфинале, а потоа финале или меч за трето место, а легендарниот капитен и покрај повредата ќе биде покрај нив, како што беше вчера со една нога.

Македонија го заврши Мундијалот со нов храбар настап и достоен пораз од Франција

Македонската ракометна репрезентација загуби, но не разочара на последниот меч од Светското првенство. Главата горе момци. Оценката е повеќе од преодна за севкупниот настап на цел турнир.

Лудиот финиш во Осло во режија на браќата Душебаеви

Шведска и Шпанија ја режираа најголемата драма во 3. коло од групната фаза на Мундијалот. Скандинавците на два пати имаа +7 во првиот дел, на средина од вториот дел имаат +6, но сепак не успеаа да победат. Шпанците им ја стопија предноста во последните минути од средбата, а најдраматично беше во последните 10 секунди во кои Алекс Душебаев израмни со удар од 9 метри, а потоа брат му Даниел спаси чист гол, откако Швеѓаните гаѓаа од центар на празен гол.

Бразилците од Дибиров да не учеле ракомет?

Најголемата сензација во групната фаза на ракометниот Мундијал ја приреди Бразил, кој успеа да ја совлада Норвешка и да оди понатаму со 2 бода и 2 победи бидејќи го победија и САД. Гилерме Боржес го има можеби најатрактивниот погодок на досегашните средби.

Нов добар настап на Македонија против холандска фурија и строги дански судии

Македонската ракометна репрезентација одигра повторно квалитетен натпревар против посилен противник на Мундијалот. Судиите ја претераа. Каде и да се сврти човек исклучување за Македонија или пенал за Холандија.

Италијанска ракометна атракција на Мундијалот

Италија и ракомет, магаре и музика. Но ете ги, Италијанците се вратија на големата светска сцена, на која до сега беа само еднаш, а тоа е Светското 1997 со Лино Червар како селектор. Второто учество го отворија со победа против Тунис од 32:25. Прв стрелец во тимот им беше Лео Пратнер со 9 гола, кој на крајот од првиот дел ја забавуваше публиката, и тоа на асистенција на голманот.