Релаксирано влезе на терен и застана на голот. Остануваат уште 5 минути до крај, а на семафорот се гледаат +4 за Унгарија во борбата за полуфинале. Драма и стресот. Притисокот е огромен и многумина се во очај, но ако некој знае како да се справи со стресот, со проблемите, тоа треба да е Иван Пешиќ (35).
Им скина три гола на Унгарците во завршницата, три зицери, ја фрли во делириум публиката и им даде ветер на соиграчите. И тогаш започна рапсодијата. Хрватска го направи невозможното, се врати од - 4 и со гол во последната секунда се пласираше во полуфиналето на Мундијалот.
По натпреварот беше мирен, едноставен и насмеан. Како ни самиот да не беше свесен што направи. Тука е со години, се сеќаваме на неговите маестрални игри, а ова може да биде неговиот последен турнир за репрезентацијата. Впрочем, имаше прашање дали Дагур Сигурдсон воопшто ќе го повика, но се се смени по повредата на Матеј Мандиќ. Тој дојде овде како замена и ментор на Доминик Кузмановиќ, а потоа стана главен херој за пласман во полуфиналето.
Кога ќе ја започнеме приказната за стресот и проблемите на Иван Пешиќ, мора да се вратиме во февруари 2009 година, во ноќта на 7-ми и 8-ми февруари. Тогашниот како 20 годишен голман, беше играч на унгарски Веспрем, голема надеж, проект за иднината. И тогаш имаше приказни за некои младешки лудости, во ракометните кругови се знаеше дека Пеша сака да излегува и да се забавува, а се зборуваше и дека таквиот начин на живот му прави проблеми во ракометниот напредок. А таа вечер излезе, во некој ноќен клуб со соиграчите...
Остатокот од приказната е познат. Настана гужва, некои ликови кои припаѓаат на подземјето влегоа во конфликт со ракометарите, почнаа да се вадат ножеви, а епилогот на сето тоа беше смртта на Романецот Маријан Козма, соиграчот на Пешиќ, кој бил цел на напаѓачите. Српскиот репрезентативец Жарко Шешум е тешко повреден, а Пешиќ е прободен со нож во грб.
„Бев повреден, но не по моја вина, само сакав да помогнам, кога се наведнав добив нож во грб. Кога дознав дека сум изгубил бубрег, првото нешто на што помислив беше Иван Класниќ, изјави Пешиќ после операцијата, чиј живот го спаси поранешниот српски репрезентативец Урош Виловски“.
„Беше вечер како и секоја друга, го славевме раѓањето на детето на нашиот соиграч. Одеднаш, како гром од ведро небо, изби тепачка. Ајде, се случува, но човек да го загуби животот“, ни рече со тажен глас Виловски за време на СП 2011 година, две години по ноќта која ги одбележа животите на сите учесници.
„Видов дека Иван губи многу крв и го однесов пеш до болницата, која за среќа беше во близина. Го посетував во болница секој ден, бев со неговите родители, секој би направил такво нешто во таква ситуација“, изјави Виловски.
На Пешиќ му го извадија бубрегот и потоа почна долго закрепнување. За среќа беше успешно, бидејќи Пешиќ денеска брани, живеејќи од и за ракометот. Многу брзо по несреќата го напушти Веспрем и следните три години го носеше дресот на Загреб, но не успеа целосно да се наметне. По една сезона во Марибор, заврши во Мешков Брест, Белорусија и таму стана легенда. Им ги даде своите најдобри години, бидејќи беше член на клубот од 2013 година, но тие го исфрлија грдо по осум години. Му го раскинаа договорот на средината на сезоната.
Се правдаа е поради неговата здравствена состојба, но вистината е поинаква. Имаше проблеми со повреди таа сезона, но се врати на теренот и беше во погон. Сепак, причините за раскинувањето беа очигледни. Пешиќ веќе имаше потпишано договор со Нант и му се приклучи летото 2021 година, а тоа очигледно му пречеше на Мешков.
За разлика од Мешков, кој на грд начин се откажа од хрватскиот голман, Иван реши да се однесува како џентлмен и причините за раскинувањето да ги задржи за себе.
„Видете, нема да зборувам многу за тоа, но на сите им е јасно дека здравствените причини не се главниот проблем во целата приказна. Добро, имав некои проблеми, но тренирам повеќе од еден месец, а во меѓувреме бранев и за хрватската репрезентација. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Тука сум повеќе од осум години, секако не заслужив ваков крај“, изјави Пешиќ.
Но тој ништо не им замери. Тргна по својот пат кој го најде во Нант каде на 35 години брани на врвно ниво. Роден е во Риека, но негов град е Сењ, во кој секогаш се враќа со задоволство, за да се види со семејството, пријателите, градот кој многу го сака. Неговата ракометна приказна започна во Замет, каде како дете му предвидуваа голема голманска кариера, а негов ментор беше седум години постариот од него Иван Стевановиќ, со кој ја делеше соблекувалната во репрезентација.
Луда ракометна драма, Хрватска со гол во последна секунда во полуфинале
Делириумот во соблекувалната на Хрватска на чело со капитенот