Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Таско: „Добре дојде Арена спорт МК, збогум МРТВ“

10 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По 52 години нашиот национален јавен сервис го изгуби кремот на најубавата споредна работа на светот - директните преноси од Светското фудбалско првенство.
  • Легендарниот спортски коментатор Атанас Костовски се сеќава како започнале преносите од Светските првенства па вели:
  • „Сè започна пред 52 години. Тогашната Телевизија Скопје во рамките на ЈРТ започна да ги коментира натпреварите на светските фудбалски првенства на македонски јазик. Од Минхен 1974 до Катар 2022. Некои на лице место, некои во студиото во Скопје. Беше 13 јуни 1974 година, кога заедно со колегата Иван Мировски се јавивме од олимпискиот стадион во Минхен од натпреварот Бразил – Југославија. Се сеќавам и на специјалната пратка од генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Македонија, Симеон Балвански до селекторот на југословенската фудбалска репрезентација Миљан Миљаниќ – 30 одбрани македонски лути пиперки.
  • Ќе биде запаметено дека нашиот јавен сервис е меѓу ретките во светот што не ги пренесуваат натпреварите од Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада. Тоа се случи во времето на најдолговечниот генерален директор на МРТВ, Марјан Цветковски, кој сега се сели во нова удобна фотелја, прв државен човек на проектот „Скопје 2028 – културна престолнина на Европа“, вели Атанас Костовски.
извор

Крушевска одбојкарска приказна

25 август 2026
  • Share
  • Post
  • Иако во моментов нема активни клубови во градот, Крушево е еден од најпознатите одбојкарски центри во Македонија, кој останува како идеална локација за подготовки на македонските национални одбојкарски тимови.
  • Случајност или не, тројца крушевчани стојат како предводници на националните тимови во моментов. Селекторот на А репрезентација Јошко Миленкоски, неговиот прв асистент Кристиан Ристески и предводникот на селекцијата У-20, Јован Шапе.
  • Тројцата потекнуваат од славната крушевска школа, од редовите на Нико Доаѓа и Синалко, за години подоцна основите да ги пренесуваат на идните генерации.
  • Не само играчки, туку и тренерски се кова следната генерација, па покрај Ристески и Шапе кои треба да ја продолжат славната крушевска традиција поставена од Миленкоски, во овој тим се и Атанас Милев и Васе Михаилов, кои се дел од стручниот штаб на сениорите.

Јован Шапе, феномен во македонската одбојка

извор

Макс Ферстапен во Формула 1 ќе заработува од 100-120 милиони евра

25 август 2026
  • Share
  • Post
  • Познатиот зналец за Формула 1, британскиот новинар Џо Сејвард пишува на својот блог дека еден од најдобрите пилоти во историјата на Ф1, младиот Макс Ферстапен со новиот договор со Ред Бул ќе заработува сигурни 100 милиони долари годишно, а со евентуални бонуси би можел да стигне до 120 милиони долари.
  • Договорот ќе важи до 2030-та година.
  • Претходно новинарот Марк Лимаше пишуваше дека според негови информации, Макс Ферстапен би можел да заработува до 115 милиони долари годишно во Ред Бул.
  • Како и да е, тој ќе биде еден до најплатените спортисти на сите времиња.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Нестварни се Србиве

Балканштина
2

Тендер на „Бардовци“ заврши во фирма на братучедот на директорот

3

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
4

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
5

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Разно
6

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина
7

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Балканштина
8

Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Фудбал
1

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
2

Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Фудбал
3

Мирно сите, полковник Кики Роналдо во акција

Фудбал
4

Кога дупло ќе ја платиш цената

Фудбал
5

Командант Погачар сопре етепа на Вуелта поради страшно невреме

Разно
6

Класата на Буфон на тема најдобар голман на сите времиња

Фудбал
7

Џани ќе организира Светско со цел свет

8

Вештачка интелигенција од Тему

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Алиби до алиби

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Луѓето кои доаѓаат на културни настани само за да ќарат нешто гага

Како да се прочисти избирачкиот список?

Татко на годината

Кога Ајнштан го сретна Тагоре

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy