Хрватска успеа да се врати по голема негатива а на десет секунди пред крајот следеше брз напад кој во гол го реализираше ракометарот на Криенс Луцерн, 28-годишниот Марин Шипиќ.
CROATIA WIN IT IN THE LAST SECOND!
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025
Marin Sipic with the buzzer beater to send Croatia to a WC Semifinal! pic.twitter.com/pzWlg61Rkj
Натпреварот стартуваше со блага предност на домаќините кои во неколку наврати имаа гол-два предност, но упорните и тврди Унгарци кои се спасија претходно од пораз од Македонија во групната фаза, не се предаваа до самиот крај.
Предводени од трофејниот Шпанец Чема Родригез, Унгарија водеше и со 4 гола предност во првиот дел но Хрватите се вратија и на полувреме се отиде со нерешен резултат 16:16.
Ритамот на натпреварот од првиот дел се повтори и во вториот. Хрватска упорно се обидуваше да го скрши отпорот на Унгарците но ривалот немаше намера да крене бело знаме. Предводени од сјајните Зоран Илиќ, Фазекаш и Имре во 48' минута имаа +3 гола предност.
Тогаш хрватскиот селектор, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон повика тајм-аут за да ги смири своите ракометари. И му успеа намерата затоа што „каубојците“ израмнија на 24-24 и следуваше права драма.
Прво Унгарија ја смрзна целата загрепска Арена кога на пет минути до крајот направи луда серија и поведе 25-29. Во тие моменти речиси сите мислеа дека Унгарците се во полуфинале.
Искусниот Домагој Дувњак, капитенот и лидер на Хрватите кој игра повреден на последните неколку средби, постигна гол од пенал, започна луд пресврт на својот тим. Главаш донесе израмнување за Хрватска а на секунда пред крајот Марин Шипиќ постигна гол вреден полуфинале за тотален делириум во салата.
Хрватска оди во полуфинале. Најефикасни поединци кај победникот беа Филип Главаш со шест гола, Марин Шипиќ стигна до 5 гола, Срна имаше исто 5 а по 4 Лучин, Јелиниќ и Мартиновиќ. Голманот Кузмановиќ имаше 9 одбрани. Најефикасен на мечот беше унгарскиот репрезентативец Зоран Илиќ со осум погодоци.
Хрватска ќе го чека подобриот од мечот Франција - Египет.
Фото: Anne-Christine Poujoulat Afp