- Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа (НУ) Албански театар – Скопје за 2024 година.
- Како и во многу други државни институции, ДЗР и во Албанскиот театар утврдил дека има вработени кои не доаѓале на работа, а примале полна плата.
- Театарот го издавал просторот со субјективна проценка: од 10 до 240 илјади денари.
- Продавале билети без официјално утврдени цени.
- Во текот на 2024 година, 20 отсто од актерите не биле ангажирани. Двајца актери не се ангажирани во ниту една претстава од репертоарите од 2011 односно од 2019 година до денес, а на истите им се исплаќала плата за полно работно време без да биде обезбедена потврда за нивно присуство на работа.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.