Почнува Арена Спорт Македонија, ќе пренесува и Светско

Македонскиот спортски аудиториум од денес и официјално добива нова телевизиска платформа откако со работа започна Арена Спорт Македонија, познатиот канал кој ќе емитува спортска програма на македонски. Уште на самиот старт Арена Спорт Македонија ќе има голем и убав предизвик: Светско првенство 2026 во фудбал, 104 натпревари кои ќе бидат пренесувани и коментирани од неколку искусни коментатори.

Арена Спорт Македонија ќе ги емитува најдобрите фудбалски, кошаркарски, ракометни првенства, автомото спортот и слично.

9 јуни 2026 - 14:23