Камавинга го посетил еден од најпрестижните универзитети на светот. Објавил фотографија од територијата на кампусот и напишал: „Неколку дена обучување и растење. Благодарен сум за искуството кое го стекнав на Харвардската бизнис школа“.
Фудбалерот од среден ред и одбрана на Реал Мадрид го следел курсот „Бизнис, медиуми и спорт“ а во исто време неговата репрезентација е на само 8-9 километри од таму, близу „Универзитетот Бентли“ во Масачусец каде се наоѓа базата на Французите за Светско првенство.
Објавата на Камавинга на друштвените мрежи собрала повеќе од 900.000 реакции за помалку од еден ден. Во коментарите добил позитивни реакции и од познатите личности.
ДЕШАМ НЕ ГО ПОВИКАЛ ПОРАДИ СЛАБА ИГРАЧКА МИНУТАЖА ЦЕЛА СЕЗОНА
Камавинга има 29 настапи за Франција. Беше на Светско 2022 и на Евро 2024. Но овојпат селекторот Дидие Дешам не го повика на големиот Мундијал кој почнува во четврток.
„Камавигна заврши тешка сезона во која играше малку поради пвореди. Тој е уште млад. Мене ми треба да направам избор, да формирам структура на составот. Претпоставувам дека е разочаран“, рекол Дешам на прашањето за Камавинга.
Фудбалерот одигра 29 натпревари во Ла Лига сезонава и најчесто влегуваше од клупата. Летово дури и може да замине од Реал Мадрид затоа што медиумите шпекулираат дека не му бил потребен на Мурињо.
Турскиот новинар Јагиз Сабунџоглу пишува дека Галатасарај е спремен да плати 80 милиони евра до Реал Мадрид за да го земе Камавинга. Рамон Алварез пак пишува дека Дортмунд сака да го доведе Французино а Реал Мадрид наводно им одговорил на Германците дека Камавинга не е на продажба.
Но шанси за Камавинга во Реал нема многу, ако му се верува на инсајдерот Рамон Алварез кој го ставил Едуар во група со играчи на кои Мурињо не смета и ќе ги стави на трансфер листа: Раул Асенсио, Фран Гарсија, Дани Себаљос, Франко Мастантуоно, Родрго и Камавинга...