Ким Кардашијан на Формула 1 како слон во стаклара

Младата италијанска сензација Кими Антонели на само 19 години прави чуда и ја забележа петтата победа по ред во Формула 1! Изминатиот викенд на трката за Големата награда на Монако Антонели успеа од пол-позиција да победи на трката на која имаше од се по нешто. На крајот втор беше Луис Хамилтон а трет Исак Хаџар.

Хамилтон дојде во Монако со неговата нова девојка Ким Кардашијан која на патеката не знаела како да се однесува, не зборувала ниту со сегашните ниту со поранешните пилоти, а во еден момент го земала пешкирот спремен за победникот Антонели да се избрише по напорната трка.

Потоа при прослава со шампањците, Кардашијан која не била прикладно облечена за Формула 1 трка не очекувала што следува од подиумот од каде традиционално со шампањци се прска публиката:

 

9 јуни 2026 - 11:28