Делириумот во соблекувалната на Хрватска на чело со капитенот

Хрватите приредија фасцинантна драма во првото четвртфинале против Унгарија, селекција која се изнамачи и не успеа да ја победи Македонија во прво коло. Обезбедија полуфинале и покрај тоа што на 5 минути до крај губеа 29:25. За Домагој Дувњак победата донесе посебна радост, бидејќи синоќа не му заврши репрезентативната кариера. Хрватска ќе одигра уште два меча, полуфинале, а потоа финале или меч за трето место, а легендарниот капитен и покрај повредата ќе биде покрај нив, како што беше вчера со една нога.

Пресреќен беше во соблекувална. Инаку од 2006-та е со репрезентацијатата и има 8 медали.

Како хрватските коментатори урлаа на голот на Шипиќ вреден полуфинале

Луда ракометна драма, Хрватска со гол во последна секунда во полуфинале