Таг: домагој дувњак

Во меѓувреме, се враќаме кај Хрватите

Ракометната селекција на Хрватска не беше вбројувана ниту во топ 6 кандидати за медал, а на крајот заврши втора во свет. Две легендарни имиња заминаа во репрезентативна пензија, Игор Карачиќ и Домагој Дувњак. Ни улета материјал од славјето на среброто, ама не она од плоштад. Така се живее дечки.

Данците се тргнаа Дувњак да даде гол за збогум

Убаво заврши мундијалското ракометно финале во Осло, со гол на Домагој Дувњак за конечни 26:32. 36 годишниот член на Кил му гестикулираше на голманот да се тргне по што никој не го спречи Хрватот да се прости од презентацијата со гол во финале. Потоа следуваа и прегратки. Голем гест на Данците.

Делириумот во соблекувалната на Хрватска на чело со капитенот

Хрватите приредија фасцинантна драма во првото четвртфинале против Унгарија, селекција која се изнамачи и не успеа да ја победи Македонија во прво коло. Обезбедија полуфинале и покрај тоа што на 5 минути до крај губеа 29:25. За Домагој Дувњак победата донесе посебна радост, бидејќи синоќа не му заврши репрезентативната кариера. Хрватска ќе одигра уште два меча, полуфинале, а потоа финале или меч за трето место, а легендарниот капитен и покрај повредата ќе биде покрај нив, како што беше вчера со една нога.

Вујо за Гидсел: Срам да ти е копиљ еден, кога Дувњак ќе ти подаде рака месец дена нема да ја миеш

Данска и Хрватска ремизираа 32:32 во првото коло од втората групна фаза на Мундијалот. Матијас Гидсел кој очигледно е терсене лик, им го навлече гневот на хрватските коментатори, а уште повеќе на Веселин Вујовиќ.

Дувњак годишно заработува колку Модриќ за еден месец

Катар во следните две неделни ќе биде збирното место на светскиот ракометен крем, но светските ракометни ѕвезди не може да си ги мерат џебовите со фудбалските.