Во 12 минута од мечот Дувњак со намерен прекршок го спречи Гидсел да постигне гол и заслужено доби исклучување од 2 минути, но данскиот репрезентативец лежеше и драматизираше како да се работи за фудбалски старт со две нозе во цеваница.
На забавена снимка јасно се гледа дека ударот не е во глава, а дека не е сериозен потврди самиот ракометар кој стана и го продолжи мечот.
Дувњак веднаш го призна фаулот, а потоа попусто се трудеше да му се извини на Данецот кој одби да му пружи рака. Едниот од комeнтаторите во пренос рече:
„Сме примиле ние и потешки удари. Колку време лежи, луѓето ќе почнат да размислуваат за донации, кој за бубрег, кој за плуќа. Нема потреба од вакви драматизирања“.
Вујо во негов стил му се истури на Гидсел и му објасни како треба да се однесува со хрватската легенда, кој е инаку 11 години постар од него.
„Натпреварот беше прекрасен, не можевме да посакаме подобар, но оној Гидсел успеа сè да ми расипе. Тој мал глушец ми го уништи мечот. Ти подава рака Домагој Дувњак, еден од најголемите во историјата, ти јадник еден не сакаш да прифатиш извинување.
Не ме интересира каков играч е и дали бил МВП на ова или она, тој глушец никогаш нема да биде ни сенка на Дувњак. Ова е ракомет, груб и контактен спорт, по фаул спортски ти приоѓа легенда, а ти одбиваш да му подадеш рака.
Срам да ти е копиљ еден. Кога Дувњак ќе ти подаде рака месец дена нема да ја миеш. Ајде тоа да го направи некои од моите играчи од Иран, без да ги потценувам Иранците, но така постапи спрема легенда на ракометот. Подобро да не ви кажам како би постапил, ако еден од моите играчи го направеше тоа“.
Инаку каков спортист е 23 годишниот Гидсел покажува и чудниот гест по мечот со Тунис кога го остави во сала признанието за играч на натпреварот.
„Не заслужувам да го носам тоа со себе и не знам каде заврши наградата, не ме ни интересира. Обично ја давам на навивачите. Не сакам тоа да го влечам со мене“, рече Гидсел.