Марлен Дитрих во „Синиот ангел"
На најдобрите фотографии од Дитрих околу неа има „хало" од чад, кое ја прави кул и секси. Филмските историчари забележале дека таа и ја држи цигарата на поинаков начин од другите жени на филм, читај „како маж". Во антологискиот „Син ангел" таа закача еден смотан професор, кого го тера да ползи додека нејзе цигарите, божем случајно, ѝ паѓаат под маса. Gif-от кој го одбравме е од друг нејзин филм, „Дестри пак јава“ од 1939. Неодоливо.
Италијанските трилери од седумдесетите
„Џали" (gialli) е бран на италијански филмови од шеесетите и седумдесетите, надреални и заводливи трилери во кои убави жени и опасни мажи се вплеткани во приказни за уживање и убиства. Меѓу другото, сите на екранот пијат и пушат. Дарио Арџенто, еден од создавачите на „џали“ го режираше „Длабоко црвено", првиот филм од оваа серија, главната актерка, инаку жена на Арџенто, Дарија Николоди, без да се соблече, демонстрира вештина и знаење во разрешување на едно злосторство. Една од нејзините финти - вртење цигара како да е пиштол. Мора да го извежбаме!
Белмондо во „Лудиот Пјеро" (Pierrot le fou)
Политичкиот трилер кои некои го опишуваат како трагикомедија на Жан Лик Годар од 1965 раскажува за пар кој бега од законот. Фердинанд (Жан-Пол Белмондо) и Маријана (Ана Карина) се навидум романтични и сосема безопасни. До една сцена каде Маријана му ја вади цигарата од уста на Фердинанд за да го бакне, а во позадината гледаме труп и оружје потпрени на ѕидот. Белмондо го има и во антологиски сцени со цигара во „Без здив" (види gif).
Питер Фалк во „Небото над Берлин"
Сцената во која Питер Фалк зборува со ангелот за уживањата на смртниците - добрата шоља кафе и цигарата.
Клинт Иствуд во „Добриот, лошиот, грдиот"
Иствуд навистина не е европски, ама Серџо Леоне е. И без оглед дали вестернот е „обичен" или „шпагети" во него мора да има лик кој си ќути и си пуши. Дур нагло не го извади пиштолот и не го испразни во првиот што ќе го изнервира.
Ален Делон во „Самурај"
Платен убиец си лежи во кревет и си пуши, дур една птица пее од кафезот. За жал во клипот на Јутјуб сцената е прилично скратена.
Марчело Мастројани во „Сладок живот"
Приказната за потрагата по среќа на еден новинар во Рим, која ја доби Златната палма во Кан во 1960 и Оскар за најдобра костимографија. Да има награда за најкул пушачка фаца Мастројани сигурно би бил кандидат. Со цигара го има и на плакатот.
Делумен извор: Flavorwire