Таг: филм

Габриел Брн за новиот филм во кој го игра Семјуел Бекет

Во интервју за Гардијан, актерот зборува за новиот филм „Прво играј“ во кој го толкува ирскиот драматург. За улогата требало да вежба дијалог со метла, но од друга страна бил пресреќен што не морал да слабее 15 килограми за да личи на Бекет. 

Сер Антони Хопкинс во нов филм го игра човекот што спасил 669 деца

За милиони Британци тоа било незаборавен момент во телевизиската истосрија. Во февруари 1988 на програма на Би-би-си под наслов „Тоа е животот!“, човек по име Николас Винтон после многу години се сретнал со некои од 669-те еврејски деца кои ги спасил од нацистите нешто пред Втората светска војна. Сега за него има и филм.

Бен Кингсли го игра Салвадор Дали во „Далиленд“

После улогите на Махатма Ганди (за којашто доби Оскар) или Жорж Мелиес или Димитриј Шостакович, Кингсли впишува уште еден јак лик во својата актерска биографија. Предизвикот е уште поголем поради партнерката во улогата на сопругата на Дали, Гала.

„Море од дрвја“ - приказната за шумата на самоубијците во Јапонија

Северозападно од планината Фуџи се наоѓа Аокигахара, шума која е толку густа што е позната како „море од дрвја“. Голем број посетители го бираат ова место како нивна последна дестинација. Тука се одвива и дејството на истоимениот филм со Метју Мекконахи, во режија на Гас Ван Сант.

60 години од „Птици“ на Хичкок: како авторката на расказот врз основа на кој е снимен ја предвидела еколошката криза

Антологискиот филм на Хичкок, „Птици“ е снимен врз основа на краток расказ на Дафне ди Морије од 1952. Во него промена во однесувањето на птиците се поврзува со влијанието на технолошкиот развој по Втората светска војна.

Вистинската трилер приказна позади филмот за „Тетрис“

Толку обична игра, а толку необична приказна за неа, која вклучува КГБ оперативци, макијавелистички настроени милионери, бизнис местенки, уцени, мито и корупција. Од сега па натаму со малку поинакви очи ќе гледате како паѓаат делчињата од сложувалката.

Анархистот што ја нападна кралската палата во Брисел и отвори музеј на долна облека

Денес (сабота) во 20 часот во Кинотека во рамки на неделата на франкофонски филм ќе се прикаже белгискиот, „Последното искушение на Белгијците“. Тоа е трето и засега последно продолжение од автобиографијата на еден уметник и анархист. 

Следниот (и последен) филм на Тарантино е за филмска критичарка?

Засега се само гласини, но она што самиот го има најавено како свој последен филм, Тарантино изгледа ќе и’ го посвети на Полин Кел, aмериканска филмска критичарка која пишувала за Њујоркер од 1968-1991. 

„Да се живее“ - филмот кој требаше да биде номиниран за Оскар

Уште не ни е верно дека филм како „Сè, насекаде и истовремено“ можеше да се закити со дури седум Оскари. Додека да ни слегне ваквото сознание, да си позборуваме за филм кој заслужи, ако ништо друго, барем Оскар за главна машка улога. 

Приказна за Оскар: вулканолозите што живееа и умреа заедно

Експлозивен документарец номиниран за овогодинешниот Оскар, за пар истражувачи поврзани преку нивната љубов кон вулканите, чија опсесија да бидат блиску до сè што татни, блуе лава и чади ќе ги чини живот. 

„Моби Дик“ на Мелвил и „Китот“ на Аронофски

Покрај сите фалби за Брендан Фрејзер во улогата на прекумерно тешкиот професор по книжевност и критиките за „тенкото“ сценарио и наводното стереотипизирање на дебелите, некои од вредните елементи на овој филм останаа во сенка. Меѓу нив врската со еден друг реален и метафоричен кит, оној на Мелвил.

Филмот кој има доживеано повеќе од 20 адаптации во последниве седум години

Еден италијански филм стана вредно парче интелектуална сопственост. Зошто? Затоа што она што се случува во него со мали адаптации може да биде препознаено во различни култури - од Исланд до Блискиот Исток.

Како да убиеш милијардер: малку поинаков поглед кон „Кромид од стакло“  

Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст. 

Од сега ќе може да се тужи за трејлер кој создава лажни очекувања

Обожаватели на кубанско-американската актерка Ана де Армас (најпозната по својата улога на Мерлин Монро во „Русокоса“) поднеле тужба до продуцентите кои ги измамиле дека таа глуми во филмот „Вчера“ од 2019, со тоа што ја вклучиле во трејлерот. Всушност, нејзиното појавување било сецнато во конечната монтажа.

„Чудо“: нов филм за девојките кои тврделе дека се хранат само од верата

Во нов филм на Нетфликс, „Чудото“ (The Wonder), англиска болничарка пристигнува во село во Ирска за да помине две недели со 11-годишно девојче кое тврди дека живее само на „мана од небесата“ и нема јадено четири месеци. Ваквите случаи во 19 биле чести, на восхит на јавноста и загриженост на медицинската фела.

Неуспешниот пуч над Рузвелт: вистинската приказна зад новиот филм „Амстердам“

Филмот, кој на едно место собира куп ѕвезди, од Кристијан Бејл, преку Марго Роби и Крис Рок до Роберт де Ниро, на моменти делува како залудно да ги троши нивните потенцијали создавајќи конфузна приказна, која се расчистува дури при крајот. Тогаш се разјаснува и написот на самиот почеток - „голем дел од ова навистина се има случено“.

Вистинската приказна зад „Жената-крал“

Новиот филм со Виола Дејвис како водач на Агоџи, армијата „амазонки“ од африканското кралство Дахомеј, и покрај холивудскиот дизајн, всушност е базиран на историски податоци помешани со легенди.

Приказната за тројцата кои биле убедени дека се Исуси

Во 1950-тите најпопуларни методи за „лечење“ на психијатриски заболувања биле фронталната лоботомија и електро-шоковите. Но еден американски психијатар промовирал психотерапевтски пристап дури и кај најтешките случаи на параноидна шизофренија. Станал најпознат по третманот на тројца пациенти од иста болница, сите со различна биографија, но идентично уверување - дека се Исус.

Рајан Гослинг знае дека не сте си играле со Кен

И не престанува да кажува мрачни работи за една од највеселите кукли што постојат.

Документарец за мрачната приказна зад Викторијас Сикрет

Има драматичен наслов: „Викторијас Сикрет: Ангели и демони“.

Пак да се гледа: „Пред изгрејсонце“

Кога ќе ставиме задолжителни филмови во образование?

Во септември доаѓа нов филм за Мерилин

Излезе трејлерот за Blonde, и можеме да ја видиме Ана де Армас како ќе изгледа во улога на Мерилин Монро. И реално, после толку многу обиди од разни глумици, ова како да е најблиску.