Филмот ќе ја истражува озлогласено мрачната историја на брендот, а ќе излезе на Хулу кон крајот на месецов. Ќе зборува за подемот и падот откако престанаа со шоуто во декември 2018, после цели 23 години. Инаку, престанаа заради критики од јавноста, дека објективизираат жени и дека не дозволуваат крупни и транс манекенки. Ова дојде во исто време со заминувањето на ЦЕО-то Лесли Векснер, чиј „близок личен советник“ беше Џефри Епстин.
Баш таа мистериозна врска меѓу Векснер и Епстин ја истражува документарецот подлабоко.
На новинарот Мет Тирнауер кој стои зад филмот, не му е прв пат да се бави со филмови за мода - пред ова, имаше „Валентино: Последниот император“.
Освен истражувањето на Векснер и Епстин, документарецот ќе ја истражи и корпоративната и купувачката култура општо во Америка, како и задкулисните сили кои дозволиле ВС да стане таков џин на американскиот пазар за долна облека.
„Многу комплексна приказна е, што не е само за мода, туку и за светот на моќта и влијанието и она што сакам да го наречам моден индустријален комплекс,“ рече режисерот во интервју. „Се работи за ерата на дизајнот: светот на дизајнот и маркетингот, брзата мода, но и луѓето зад сето тоа и начинот на кои манипулираат со разните структури на моќ.“
Ќе разговараат и со поранешни Ангели, како супермоделот Фредерик ван дер Вал од ‘80-те, а ќе се прикажат и ѕвезди што низ годините го рекламирале брендот - меѓу кои и млада Наоми Кемпбел.