Робин Лоли е она што денес се нарекува „крупна манекенка”. Plus size. Curvy, со облини, поточно, за нејзе е искористен зборот curvy. Еве ја:
Ако е ова curvy и plus size, тогаш Ешли Греам е од оние со кран што ги вадат од дома.
И дали мислите дека веста ќе биде дека Робин Лоли во еден момент станува на сред plus size фото-сесија, да каже, „чекај бе, малку, па јас не сум дебела и не е фер да заработувам од тоа што ќе се прикажувам себеси како дебела!”?
Ако одговоривте со ‘да’, малце заборавивте во какво време живееме.
Нејзе ѝ се смачило да не биде претставена на некои од најважните писти на светот, па решава да го насочи бесот кон едно од највлијателните - шоуто на Викторијас Сикрет - заради недостаток на инклузивност.
Лоли, инаку манекенка од Австралија со сосема нормален изглед и никаква желба да дигне два влијателни прста и да каже „дечки, не сум јас плус, туку просек”, ама од просек, еднаш веќе се договоривме дека не се заработува. На Инстаграм објави фотографија од себе и нејзината тригодишна ќерка, Рипли и објави дека започнала онлајн петиција во обид да ги натера луѓето да бојкотираат Викторијас Сикрет.
Ајде да ја разгледаме објавата:
„Додека Викторијас Сикрет не се обврзе да ги претставува СИТЕ жени на сцена, повикувам на комплетен бојкот на ревијата оваа година,” пишува таа, упатувајќи на линк од Чејнџ.орг. „Време е Викторијас Сикрет да ја препознае куповната моќ на жените од сите возрасти, форми и етникуми.”
Момент, момент.
Ерата на интернетот покрај тоа што донесе многу фини работи, донесе и еден куп болести, од кои една се одликува со тоа што кога нешто те нервира, не го игнорираш, туку инсистираш да се бавиш со тоа. И бидејќи е болест и се шири, престанува да ти биде доволно само да се опседнеш со тоа, па решаваш да собереш луѓе што ќе се согласуваат со тебе за твојот хир да добие валидност.
За тоа зборувавме и тука, кај жените што малтретираат други жени.
А баш дека ќе ги остават Викторијас Сикрет без работа - тешко, со оглед на тоа што и покрај тоа што така „страшно и криминално” не ги претставува СИТЕ ЖЕНИ НА ПЛАНЕТАВА, брендот функционира 41 (со букви: ЧЕТИРИЕСЕТ И ЕДНА) година. Сосема солидно.
Продолжува Лоли:
„Се осеќам ко гомно секоја година додека го гледам шоуто.”
Додека ние ќе се прашуваме дали ѝ е изгубено даљинското, продолжува:
„Не треба така да се чувствувам.”
Не треба. Смени.
„Рипли ќе има тело како моето… Мене многу ми влијаеше додека растев и дека сите се споредуваат со она што се смета за ‘совршенство’, не сакам таа да го доживее тоа.”
Оваа шуплива и проблематична приказна станува ште поглупа кога ќе се свести човек дека потекнува од жена која не ни влегува во категоријата плус-сајз.
Уште една слика:
Во најмала рака, Робин Лоли има тип на тело што ќе го видиш на 50 години на некоја што не си ја видел од средно, а има две големи деца и ќе и речеш „еј браво, како се држиш.”
Само тоа.
И веројатно тука лежи тој плус-сајз зајак што нејзе ја чеша да отвара петиции за нешто што многу лесно може да го изигнорира, особено во денешно време кога крупните девојки се многу фино (има исклучоци) претставени во медиумите.
Не бира да се фокусира на одлични кампањи за инклузивност и одлични медиуми кои работат со девојки во сите форми, бои и големини.
Не бира да рече „не ги фурајте жените дека јас сум сликата за крупно/дебело.”
Бира да бојкотира Викторијас Сикрет.
Па, со среќа.
И дај боже да го најде даљинското, па веќе да не се осеќа како гомно.