Што правиме со манекенките што не се ни слаби ни дебели?

Ако ве праша некој да наброите 3 манекенки со „просечен изглед”, ќе ви текне? Се разбира дека не.

Модната индустрија има еден чуден однос со она што се смета за „меѓу-големина” или за жени со тела што не се „манекенски слаби” од една страна и plus-size од друга.

Просечната Американка носи 14-ка, што кај нас е 42-ка или L - или поголем број, што важи и овде. Ова значи дека милиони жени влегуваат во таа меѓу-категорија, што на модната индустрија не и е нешто многу важно. Притисокот да се внимава на разноликоста доведе до вклучување дебели манекенки, што повторно ги остави највообичаено градените жени со подебелиот крај во рака.

 

30 април 2018 - 12:47