„Боди позитивити” и промовирање гојазност се две различни работи

Тес Холидеј, модел од метро и шеесет и 130 кила е на последната насловна на Космополитен. Едни се клањаат дека конечно се претставени во Космо, други се фаќаат за глава. Зошто реакцијата од вториве? Па ваљда нема да се правиме глупи дека 130 кила на метро и шеесет е во ред.

„Да видев вакво тело на насловна кога бев помала, ќе ми се променеше животот!” твита Тес Холидеј, притоа споделувајќи го нејзиниот најнов успех - насловна страница на Космополитен, списание кое со години наназад става слаби, класични манекенски типови на истото место, а тие што се на граница ги фотошопира за да изгледаат послаби.

Твитер, полудува од среќа и превираат коментари на луѓе што тврдат дека апансас почнале да плачат со солзи радосници дека конечно светот се менува и луѓе што „изгледаат нормално” се конечно претставени во гламурозно светло, плус дека многу млади девојчиња ќе сфатат дека и нивното, наводно несовршеното и дебелото е сепак совршено.

Ама Тес Холидеј не е Ешли Греам.

Тес Холидеј има 130 кила и метро и шеесет. Не е проблем што е така, затоа што на крај сè се сведува на „она си знае.”

Проблемот е што Космополитен, а и една огромна група на луѓе сака да го прикаже тоа како нешто позитивно. А огромна е разликата меѓу промовирање „боди позитивити” и промовирање гојазност.

Природно, се појавија и коментари за ова - луѓето почнуваат да молат да не се радуваме дека некој е нездраво дебел, дека изгубиле членови на семејството баш поради овој проблем и дека ова тело нема врска со непривлечност. Има врска со нездравост.

Никол Арбор, Јутјуберка што го сврте светот наопачки со нејзиното видео „Dear Fat People” го срочи тоа вака:

 

Why I’ll NEVER associate with #cosmo Aside from their fake news machine where facts don’t matter and words of celebs are often twisted to start drama... This is absolute nonsense and pandering. Body positivity is being positive to your body by eating healthy foods and working out. This cover is some SJW bs on crack. This is obesity, a symptom of a deeper issue, and shouldn’t be promoted. Might as well put a smoker on the cover with needles in their arm because self harm and addiction is self harm and addiction. But, the magazine who’s pretending this is to be pro woman, has lose weight quick tips inside, and is still ONLY promoting this woman for her body. They’re using her for a pr stunt. And I’m gonna be super clear, be happy, be proud of yourself at every size, (because we are more than our bodies) and feel fierce with stretch marks or whatever you think is an imperfection. But if you are actively CAUSING harm to your body... that’s nothing to be proud of and Cosmo, the woman’s self worth trashing tabloid can’t convince me other wise. #ThinkForYourself #ReadTheirHeadlines #BeautyIsntASizeHealthIs #NoExcuses #cosmopolitan #fatacceptance #bodypositive

A post shared by Nicole Arbour (@ibnicolearbour) on

„На страна нивната машинерија за лажни вести каде што фактите не се битни, а зборовите на славните личности се извртуваат за да се направи драма… Ова е апсолутна бесмислица.

Боди позитивити значи да бидеш позитивно настроен кон своето тело со јадење здрава храна и вежбање. Насловнава е велелепно срање.

Ова е гојазност, симптом на подлабок проблем и не треба да се промовира. Ако не па, ставете пушач на насловна, со игли во рацете затоа што штетење на себеси и зависност е штетење на себеси и зависност.

Но, списанието што се преправа дека ова е за жените, има совети за брзо слабеење внатре и сепак ја промовира оваа жена САМО заради нејзиното тело. Ја користат за пи-ар.

И ќе бидам многу јасна, радувајте се и гордејте со себе колкави и да сте (затоа што ние сме повеќе од нашите тела) и бидете јаки и со стрии или што и да ви се чини како несовршеност. Но ако активно предизвикувате штета на вашето тело… Тоа не е за гордеење и Космо, списанието за рушење на вредноста на жените, не може да ме убеди во спротивното.”

Јадете, уживајте и радувајте се.

Ама да не се правиме глупи.

31 август 2018 - 13:39