
Иронијата е што ваквото филмско „и толку?!“ запознавање подоцна ќе доведе до две улоги кои ќе ѝ донесат Оскари, и двете под режија на Ален. „Хана и нејзините сестри“ (1986) и „Куршуми над Бродвеј“ (1994) ја внесуваат Вист во мал, но импресивен клуб: само четири актери во историјата освоиле два Оскари под водство на ист режисер. Волтер Бренан со Вилијам Вајлер, Џек Николсон со Џејмс Л. Брукс и Кристоф Волц со Квентин Тарантино - друштво што тешко се проширува.
Парадоксално, актерската кариера не ѝ била прва амбиција. Како млада сакала да стане балерина, но театарската сцена ѝ го сменила правецот. Улогата на Дездемона спроти Отело на Џејмс Ерл Џонс на Бродвеј била момент што многумина го наведуваат како вистинскиот почеток на нејзиниот актерски глас.

Денес, Вист ја знаеме по суптилност, ранливост и тивка емоционална прецизност. Но таа самата некогаш изјавила дека би сакала да оди во сосема спротивна насока:
„Би сакала да играм ладнокрвен, суров масовен убиец… некоја тврда, безмилосна жена, како улогите што ги добива Глен Клоуз.“
Вист останува пример за кариера што се движи тивко, без спектакл, но со долгорочно влијание - од 30 секунди кастинг до два Оскари и армија фанови што се ненаметливи во нивното обожавање каква што е и самата таа.