Може една теорија на заговор за „мажосферата“?

Причината зошто содржината насочена кон (мачо и алфа) мажи има толку силен фокус на теретана, „gym bro“ култура и постојано вежбање и нетрпење жени е затоа што, според една девојка на ТикТок, овие мажи ги спремаат за иднина во воена служба.

И причината зошто истата таа содржина толку многу се врти околу омраза кон жени и нивно обвинување за сите проблеми, е затоа што најлесниот начин некој да излезе од „red pill“ циклусот е да има сексуални односи и да добие женска валидација.

Ако овие мажи останат лути на жените, тие нема да излезат од тој тип содржина. Маж кој е самоуверен, стабилен и сигурен во себе, има значајни односи и со жени и со мажи и има нешто за кое живее, многу помалку би бил подготвен да се жртвува себеси за некаков бесмислен воен конфликт.

Од друга страна, маж кој е лут, фрустриран, нема сексуални односи, чувствува потреба постојано да ја докажува својата машкост, не им верува на жените и постојано тренира - е „идеален војник“.

Еве:

@thathippielookingchick

 

♬ original sound - Miss Rose
17 мај 2026 - 22:46