- Потпишан е првиот договор за производство на турскиот ловец „КААН“ со стелт технологија, со почетна серија од 20 авиони што ќе им бидат испорачани на турските воздухопловни сили помеѓу 2028 и 2030 година.
- Програмата е директна последица од отстранувањето на Турција од програмата Ф-35 во 2019 година, откако Анкара го купи рускиот систем за воздушна одбрана С-400.
- Индонезија веќе потпишала договор за 48 борбени авиони КААН а и Саудиска Арабија ја разгледувала можноста за приклучување кон програмата.
- КААН шишка 2 маха, носи до 10 тона оружје, може да се качи до 16.700 метри и делува во периметар од 1.200 километри.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.