Филмот е базиран на романот на Џојс Керол Оутс и го следи животот на Мерилин од „тешкото детство како Норма Џин, до врвовите на славата и романтичните заплеткувања.“
Режисерот Ендру Доминик во едно интервју вели:
„Филмот е искрен. Направен е со љубов. Направен е со добри намери. Но, истовремено е полн со бес… Изгледа се ставам во вакви ситуации, па луѓето ме сметаат за провокативен, но тоа не го правам намерно. Само сакам да кажам нешто најјасно што можам. Мојата амбиција е да ве натерам да се вљубите во Мерилин.“
Де Армас ја подготвувале секој ден по три ипол часа, сосе капа за ќелавост за да можат многуте русокоси перики да изгледаат што е можно поприродно.
„Работевме на филмов со часови, секој ден, скоро цела година,“ вели Де Армас. „Го прочитав романот на Џојс, студирав стотици фотографии, видеа, аудио снимки, филмови… Сѐ што ќе дофатев. Секоја сцена е инспирирана од постоечка фотографија. Го анализиравме секој детаљ на сликата и дебатиравме што се случувало таму.“
„Првото прашање секогаш беше: Што чувствува Норма Џин овде? Сакавме да ја раскажеме човечката страна од нејзината приказна. Славата е она што ја направи Мерилин највидливата личност на светот, но истовремено ја направи Норма најневидлива.“