Наводно, имало некој нов филм што било чист криминал да го гледаш во кино. Наводно, филмот заслужувал да биде пуштан во кафана. И тоа не во обична кафана туку во кафанчуга. Во кафанчуга со жива музика што ќе ти ја свири целата музика од филмот, со чад од цигари, со келнери постари од калдрмата пред кафаната, со гости поистрајни од келнерите, со дупнати чаршафи и со кршење чаши. Е, само таква почит би била правда за овој филм.