Според Дедлајн, Конор Вулф и Питер Мајкл Роса решиле да го изнајмат филмот, во кој се замислува свет каде што музичар што се вика Џек (Химеш Пател) е единствениот човек што е свесен за постоењето на Битлс. Сега тужат затоа што во трејлерот ја имало Ана де Армас - но не и во филмот.
Во трејлерот, де Армас се појавува во сцена заедно со ликот на Пател, во Лејт Лејт Шоу на Џејмс Корден, но ја имаат исечено од филмот. Сценаристот, Ричард Куртис кажа дека ова е заради тест-публиката, која не била воодушевена од тоа главниот лик да има втора љубов, а сакале да заврши со ликот што го игра Лили Џејмс, Ели.
Според тужбата против дистрибутерот Универзал, Вулф и Роса расправаат дека рекламирањето на филмот е „лажно, погрешно наведува и измамува“ затоа што де Армас ја нема во крајниот производ. Тврдат дека Пател и Џејмс не се доволно големи ѕвезди да привлечат публика, па филмот се потпирал на де Армас и нејзината „слава, сјај и брилијантност“ во рекламирањето.
Бараат оштетa и да се извади де Армас од трејлерот.
Иако необично, не е прв пат голем филм да искористи снимки за трејлер што после нема да ги прикаже - Винона Рајдер се појави во сцени на трејлерот за Стар Трек од 2009, што никогаш не стигнаа до филмот. Ја имаше, но улогата ѝ беше значително намалена.
Нас нè интересира колку пари бараат за оштета, и како всушност се одредува сумата за оштета кога си се излажал со трејлер.